На називот „класико" што на шпански значи „дерби", префиксот „супер" го добија двата најтрофејни и најславни аргентински клуба кои го играат едно од најголемите дербија во светот. Во април 2004 година англискиот весник „The Observer " присуството на „Суперкласико" го вметна на „листата на 50 работи кои треба да ги направите пред да умрете".
Бока и Ривер потекнуваат од Ла Бока, област во Буенос Аирес позната по работничката класа на луѓе. Ривер Плејт постои од 1901 година, а по само 4 години бил офомен и клубот Бока Јуниорс.
Првиот дерби меч кој е запишан во историјата помеѓу овие два клуба се одиграл на 2 август 1908 година на кој тимот на Бока славел со 2:1, но бидејќи се работело за пријателски, како прв официјален меч се смета победата на Ривер Плејт од 2:1 на 24 август 1913 година.
Најголемото обележје на ова големо градско дерби се навивачките групи кои не мируваат во текот на целата 90 минутна фудбалска претстава. Би-Би-Си го опишува „Суперкласико" како море со разни обоени транспаренти, со огромна бучава која се создава од звуците на навивачите, но и со постојано запалени разни пиротехнички средства кои никако да згаснат.
Навивачите на Бока како навредливи пароли за спротивните навивачи го користат зборот „кокошки", а тие им возвраќаат нарекувајќи ги „свињи" затоа што стадионот на Ривер Плејт се наоѓа во областа Ла Бока од каде се шири лоша миризба од истоимената река.
Бока Јуниорс ги игра натпреварите на стадионот „Ла Бонбонера" со капацитет од 49.000 седишта, а Ривер Плејт го има најголемиот стадион во Аргентина „Ел Монументал" кој собира 64.000 навивачи. Ривалството и големата тензија на мечевите често пати носат и инциденти, а така и беше и на ланското дерби кога загинаа двајца редари.
Најголемата трагедија на „Суперкласико" која остана запаметена како најголема во историјата на аргентинскиот фудбал се случи на 23 јуни 1968 година кога на стадионот „Ел Мониментал" се сруши дел од трбината по што загинаа 71 навивач. Просечната возраст на жртвите беше 19 години.
Бока Јуниорс во меѓуесебнте дуели засега е поуспешен клуб со 126 победи, 109 пати триумфирал тимот на Ривер Пјелт, а 107 меча завршиле без победник. Најголемата победа ја има остварено екипата на Бока во 1928 година од 6:0, а најефикасиот меч се одиграл во 1972 година кога Ривер Плејт славел со 5:4.