Џони Мензил, рагбистот на колеџ екипата од Тексас, кој минатата година беше прогласен за најкорисен играч во лигата, ќе го пропушти првото полувреме од натпреварот на отворањето на новата сезона.
20-годишниот играч беше обвинет дека примил пари за да потпишува автограми што е спротивно од правилата на лигата. Во минатото за слични, но и помали скандали играчите добивале високи казни, но благодарение на добрите адвокати, Мензил доби суспензија со траење од само едно полувреме.