На самиот старт на новата сезона за Реал Мадрид покрај "вечната" сапуница со Бејл важна тема во таборот на „Кралевите" беше и кој ќе биде првиот чувар во стартниот состав предводен од новиот кормилар Карло Анчелоти.
Откако италијанскиот стратег одлучи да оди по стапките на неговиот претходник Мурињо и на местото на Касиљал во првите две кола против Бетис и Гранада во првиот состав да го стави Диего Лопез, човекот кој потекнува од школата на Мадриѓаните и кој 15 години е верен на Реал ја загуби поддршката и од навивачите.
Познатиот весник „Марка" кој важи за близок медиум до Реал Мадрид и кој го следат голем број на негови навивачи направи анкета со прашање „Дали Касиљас треба да го напушти Реал Мадрид?
Одговорите до сега се шокантни затоа што дури 74,5 % од анкетираните или 36.203 гласале дека треба да си замине.
32 годишниот Касиљас кој има 654 настапи и 14 титули на сите натпреварувања со Реал Мадрид очигледно дека не е повеќе миленик на навивачите како неговиот поранешен колега Раул Гонзалес со кој заедно им се радуваа на титулите и кој беше на кралски начин испратен во пензија.
Оваа ситуација на „Сантијаго Бернабе“ повеќе од јасно е дека нема да му одговара на стандардниот шпански репрезентативец втора сезона по ред и тоа во очи на Мундијалот во Бразил, а „Марка“ веќе објави информација дека Арсенал контактирал со агентите на Касиљал за трансфер во Лондон.