Предводникот на нашиот национален тим со проверени сили и без многу промени од пријателскиот меч против Бугарија ќе им се спротивстави на Шкотска и Велс на двата последни дуели на домашен терен кои се во рамките на квалификациите за Мундијалот во Бразил.
-Не очекуваат исклучително важни и тешки натпревари. Против Велс и Шкотска започнува нашата битка за подобар пласман во квалификациите, имаме шанса за трето место во групата и тоа е доволен мотив за сериозен пристап во двете пресметки. Најголем дел од играчите беа на списокот и на пријателскиот натпревар со Бугарија. Повикавме 22 играчи, во неполна седмица не очекуваат два натпревари, а наша тенденција е на секоја позиција да имаме по двајца фудбалери за да се заштитиме од евентуални повреди или суспензии поради картони", вели селекторот Чедомир Јаневси.
Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија); Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка); Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија).
Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија); Стефан Ристовски (Латина, Италија); Николче Новески (Мајнц 05, Германија); Ванче Шиков (Волин, Украина); Александар Лазевски (Говерла, Украина); Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија); Даниел Мојсов (Бран, Норвешка); Даниел Ивановски (Мјалби, Шведска).
Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска); Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел); Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан);Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија).
Напад: Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија); Горан Пандев (Наполи, Италија); Мирко Ивановски (Астра, Романија); Агим Ибраими (Марибор, Словенија); Александар Трајковски (Зулте В., Белгија); Адис Јаховиќ (Вил, Швајцарија); Јован Костовски (Леувен, Белгија).