Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Српски фудбалер заробен во Иран

По Французинот кој изјави дека му доаѓа да се самоубие затоа што не може да го напушти Катар, уште една слична приказна ни доаѓа од Средниот Исток.

Шалке не го заборава Адолф

Го сметаат за митска легенда на клубот и еден од најзаслужните за најголемите успеси во историјата на Шалке, но кариерата ја завршил поради загубена битка во Втората светска војна. По 70 години го погребуваат до стадионот во Гелзеркирхен.

Спрејот за одбележување на жив ѕид е успешен

ФИФА го најде чарето за проблемот кога фудбалерите често "крадат" кога го формираат таканаречениот жив ѕид со спреј, кој ќе се користи и на Светското клупско првенство.

Да го носиме Перо на Ол Стар

За прв пат оваа сезона имаме Македонец во НБА лигата, па зошто да не го пратиме и на Ол стар натпреварот. Гласајте за Перо Антиќ!

Зидан осуден на шест години затвор

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на египетскиот фудбал, поранешниот член на Борусија Дортмунд и соиграч на Новески од Мајнц, Мохамед Зидан е осуден на затворска казна од шест години.

Оилко мотивирано против One

Комплетирано е шестото коло од Бизнис лигата на Македонија.

Атланта го преслуша и Детроит

Кошаркарите на Атланта Хокс го победија Детроит со 93:85 и ја забележаа седмата победа по 12 одиграни натпревари. Антиќ одмораше на овој натпревар.

Одигра ли ФИФА за Кристијано Роналдо?

Гласањето за најдобар фудбалер за 2013 година заврши на 15 ноември, но така повеќе не мислат луѓето од Светската куќа на фудбалот кои откако завршија бараж средбите за Мундијалот во Бразил одлучија да го продолжат рокот за гласање.

МЗТ е блиску до елиминација во Еврокупот

Актуелниот македонски шампион го забележа петтиот пораз во шестото коло од второто по ранг клупско кошаркарско натпреварување и со тоа најверојатно ќе се прости уште во првата фаза од европската сцена. И во реванш дуелот против Рига, претставникот од Летонија беше подобар противник и славеше со 70:77.

Се повеќе руски пари во Арсенал

Со доаѓањето на Роман Абрамович во Челси започна нова ера во европскиот фудбал, која продолжи со инвестиции на многу милијардери, а еден од нив е и најбогатиот Русин Алишер Усманов, поранешен затвореник и пријател на Путин кој се повеќе навлегува во Арсенал.

Швеѓаните со воз “го прегазија“ Роналдо

Селекцијата на Шведска прими четири гола од Кристијано Роналдо и ќе го гледа Мундијалот од дома, но ПР луѓето на Пепси во оваа земја овој пат си постигнаа и автогол.

Французите славеа со гага порно

Французите ноќеска имаа две причини за славје. Нивните фудбалери се квалификуваа на Светското првенство, а по тој повод Марк Дорсел ги почасти со гратис порно.

Мудростите на Златан

Ибрахимовиќ еден од фудбалерите кои најмногу ќе ни недостигаат на Светското првенство следната година, не само заради головите, туку и заради неговите познати изјави кои нема да ги читаме за време на Мундијалот.

Тајсон му го врати увото на Холифилд

Познатата американска компанија за продажба на спортка опрема "Foot Locker" сними одлична реклама во која Карји Ирвинг од Кливленд си го замислува совршениот свет каде помеѓу другото Мајк Тајсон му го врати увото на Ивандер Холифилд, а Денис Родман го испратија во Северна Кореја и тоа во еден правец.

Познати сите учесници на Светското првенство во Бразил

Ако не се случи некоја огромна сензација и Јордан да се врати од мртвите против Уругвај, тогаш ги знаеме сите репрезентации кои веќе почнаа да ги чекираат своите билети за Бразил.

Montenegro проработе во вистински час

Одиграни се уште два натпевари од шестото коло на Бизнис лигата на Македонија на кои победи забележаа Montenegro и Лукоил.

Рекордна ноќ на Антиќ против шампионот

Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар до сега во НБА. Тој постигна за него рекордни 12 поени против екипата на Мајами Хит на натпревар на кој Атланта го забележа и петтиот пораз оваа сезона.

Французите повторно со судиска помош

Исто како и минатиот пат кога со голот на Анри против Ирска постигнат со рака Франција се пласираше на Светско првенство и овој пат тие ја елиминираа Украина со судиска помош.

Златан ќе го гледа Роналдо на Светско преку ТВ

Познати се сите патници за Бразил од Европа. По фантастичен натпревар во Шведска, Роналдо го победи Ибрахимовиќ со 2:3 и ја однесе Португалија на Светското првенство каде ќе играт уште и Хрватска, Франција и Грција.

Психолози ќе му помагаат на Милан

Со наведување примери како Роже Федерер, Мајкл Џордан и Меџик Џонсон и нивната психолошка подготвеност за натпреварите, вкупно 12 луѓе ќе работат со фудбалерите на Милан, а за сега во програмата е вклучен само младинскиот погон на екипата.

Незнајкото Тијаго Силва

Капитенот на Бразил јавно кажа на кого му ги дал своите гласови за најдобар фудбалер за 2013 година, но не знаел дека смее да гласа и за свој колега од репрезентацијата.

Мигрантите кои го доживеаа фудбалскиот сон

Италијанската фудбалска федерација во својот регистар внесе нов историски податок, а тоа е првиот фудбалски клуб составен од азиланти од афричките земји кои го живеат својот "втор живот" со топката. Еден од играчите веќе стигна и до Бундес лигата.

Индонезиско и незаборавно „Ел Класико“

Ако случајно се најдете во Индонезија, а баш тогаш се игра некое јако фудбалско дерби од Европа, рачунајте дека можете да го гледате како да сте на стадион. Откако ви го пренесовме дербито помеѓу големите ривали Лацио и Рома, сега повторно преку “лудите“ Индонезијци ве носиме на импровизираниот „Камп Ноу“.