Адолф Урбан е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шалке 04 со кој од вкупно шест шампионски титули во германското првенство, тој освојува пет во период од 1933 до 1942 година, како и еден национален Куп. Настапувал и за селекцијата на Германија за која на 21 натпревар постигнал 11 гола.
Во тоа време екипата од Гелзеркирхен била моќна како Баерн Минхен во денешно време. Доказ за тоа е неверојатниот скор од 162 победи, 21 реми и само 6 порази на вкупно 189 натпревари во домашното првенство.
Но златните успеси за Адолф тука завршиле, затоа што од терените битките продолжил да ги води во Втората светска војна во која се жртвувале многу спортисти. Загинал на 29 години и бил погребан во Русија, но по точно 70 години клубот го враќа онаму каде што припаѓал, на гробиштата до стадионот во Гелзеркирхен.
Операцијата за враќање на телото ја организирал претседателот на Шлаке, Клеменс Тонис кој лично отпатувал во Русија за да се осигура дека ќе се врати со вистинскиот ковчег.
Адолф е погребан со сите почести како митска фудбалска легенда на Шалке, со последен поздрав од клубот и навивачите.