Францускиот порно продуцент, Марк Дорсел вети бесплатно порно цела ноќ ако репрезентацијата на Франција се пласира на Светското првенство во Бразил и си го исполни ветувањето. Сите филмови на вебсајтот на Дорсел за кој се плаќа за гледање, по вчерашната победа над Украина беа бесплатни, па Французите наместо да слават, гледаа порно.
„Никој во земјата не беше голем оптимист по прашањето за пласман на Светското првенство, но ете, тоа се случи. Штом видовме дека резултатот оди во позитивна насока за нас, почнавме превентивно да ги подготвуваме нашите сервери за големата навала на посетители", изјави портпаролот на продукцијата.
Нивните очекувања се остварија. Откако Франција ја победи Украина со 3:0 и со вкупни 3:2 се пласираше на Мундијалот, француските навивачи почнаа да слават, ама не на улици, туку со порно.
Веднаш по последниот судиски свиреж серверите на Дорсел паднале од огромниот сообраќај и вебсајтот на кратко не бил достапен.
Дури ни Марк Дорсел не очекувал ваква заинтересираност и на својот Твитер профил објави и како изгледаше пикот на посетеноста по победата.
Comme un certain pic de trafic hier soir ! pic.twitter.com/LjGVHoEKgi
— Marc Dorcel (@dorcel) November 20, 2013