Добро му дојде паузата на Перо Антиќ. По двата натпревари пауза, Антиќ одлично ја искористи дадената минутажа и тоа против актуелниот шампион Мајами Хит кој го доби овој натпревар со 104:88.
За 15 минути на паркетот, Перо постигна 12 поени (4/8 од игра, 2/3 за 3 и 2/3 од слободни), а оствари и 4 скока и 2 украдени топки. Освен за ефикасноста, тој на овој натпревар доби пофалби и за неговата игра во одбраната.
Антиќ беше втор стрелец во тимот заедно со Хорфорд зад Скот кој постигна 15 поени. Кај Мајами се истакнаа Бош со 19, Ален со 17, а Леброн Џејмс постигна 13 поени.
На останатите натпревари беа забележани следните резултати:
Вашингтон – Минесота 104:100
Детроит – Њујорк 92:86
Хјустон – Бостон 109:85
Сакраменто – Феникс 107:104
Вечерва Атланта го пречекува Детроит.