На иницијатива на директорот на младинскиот сектор на Милан, Филипо Гали, тим составен од психолози и тутори ќе работат постојано со младинците на оваа екипа и тоа со сите категории почнувајќи од 9 годишна па се до 20 годишна возраст.
Идејата е да се работи на психолошкиот развој на младите таленти, да се испита кои се нивните потреби, како и да се воспостави максимално добар и професионален однос помеѓу нив, но и помеѓу играчите и тренерите.
„Се работи за нешто ново и многу иновативно во светот на фудбалот. Тие нас треба да не гледаат како дополнителни мотиватори, затоа што многумина мислат дека ние сме тука само доколку некој има проблем со некаква болест. Ќе се обидеме да им објасниме дека менталниот аспект е исто толку важен колку тактиката на теренот, а ќе се служиме со примери како Федерер, Џордан и Меџик Џонсон, вели еден од психолозите.
Работата на фудбалерите ќе биде следена за време на тренинзите четири пати неделно, но и пред и по завршувањето, а дел од нивниот ангажман ќе биде и како од разни аспекти да го прифатат поразот кој е составен дел од спортот.
„Психологот го набљудува односот помеѓу играчите и никогаш не се меша во интеракцијата меѓу нив, туку запишува белешки. Кога бев тренер се среќавав со психолози, но сега работите функционираат поинаку, вели помошникот на Филипо Инѕаги со кој го тренираат тимот на Милан до 21 година.
Росоњерите се први во Италија кои ангажираат волкав тим на прихолози, а со оглед на кризата и слабиот пласман на сениорскиот тим, не е чудо да ги видиме и на тренинзите на Алегри.