Иако се оддалечени десетици илјади километри од „Стариот континент" каде се игра најпопуларниот фудбал, фановите од Индонезија знаат многу добро како да ги бодрат своите омилени екипи од Премиер лигата, Серија А и останатите силни првенства.
Пред неколку месеци од Индонезија преку слики и видеа ви ја покажавме атмосферата која ја прават навивачите на Јувентус кои имаа можност два пати по ред да ја прослават титулата во првенството, а за време на летните подготовки 9000 регистрирани фанови на Ливерпул им приредија пречек на играчите како да се светски шампиони.
Минатиот викенд во италијанското првенство се играше "вечното" римско дерби помеѓу големите ривали Рома и Лацио на кое триумфираше „Римската волчица" со 2:0, а повод за фудбалски празник освен во Рим, имаше и во Индонезија каде на две трибини беа поделени двете навивачки групи.
Романистите од збор до збор како да се Италијанци ја отпеаа химната на Рома и ја пополнија трибината со боите на нивниот омилен клуб.
Лацијалите одговорија со корегорафија на која го нацртаа Сенад Лулиќ како го постигнува победничкиот гол за Лацио на финалниот меч од Купот на Италија минатата сезона.