Мудростите на Златан

Ибрахимовиќ еден од фудбалерите кои најмногу ќе ни недостигаат на Светското првенство следната година, не само заради головите, туку и заради неговите познати изјави кои нема да ги читаме за време на Мундијалот.

Како старее, Златан станува се подобар. Не за џабе во шведскиот речник воведоа збор "Златанер" кој го толкуваат како „доминирање со огромна сила". Златан е е убеден, туку знае дека е најдобар.

Пред неколку денови на новинар му изјави дека разговара со Бог, а откако синоќа неговата репрезентација беше елиминирана од Португалија, заклучи дека Мундијалот во Бразил нема да биде интересен без него.

Ова се само дел од неговите мудрости:

- Арсен Венгер ме викна на проба во Арсенал кога имав 17 години. Го одбив. Златан не оди на аудиции.

- Бараме стан во Париз. Ако не најдеме, тогаш може ќе си го купам хотелот.

- Прво отидов лево и тој отиде. После отидов на десно, па отиде и тој. После јас пак отидов на лево, а тој отиде по хот дог.

- Точно е дека јас не знам многу фудбалери од француската лига, но сигурно тие знаат кој сум јас.

- Педер? Дојди кај мене дома да видиш дали сум педер. И земи ја сестра ти! (откако новинарка го праша за сликата со Пике).

- Ако не станев фудбалер, најверојатно ќе бев криминалец. Имам крадено порано. Можеби е е најдобро што го кажувам ова, но кога бев мал, понекогаш морав да украдам и точак за да стигнам на тренинг.

- На сопругата не и купив ништо за роденден. Таа веќе го има Златан.

- Барселона не ме искористи доволно. Тие купија Ферари, а го возеа како Фиат.

- Можам да играм на сите 11 позиции. Добар фудбалер може да игра било каде на теренот.

20 ноември 2013 - 12:24