Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Мафијата го финансира најголемиот аргентински талент

Судот во Аргентина ги замрзна правата на сопственост на 18-годишниот Анхел Кореа кој важи за еден од најголемите таленти, под сомнение дека тие и припаѓаат на мафијата.

Мата, држи си се до фудбалот

Шпанецот од редовите на Челси собра 3 милиони фанови на својата Фејсбук страна и овој момент го одбележа со едно видео. По прегледувањето на видеото сакаме да му порачаме во никој случај да не размислува околу преминување во актерски води, а тој што му го смислил и снимил видеото треба да заборави на својата режисерска кариера.

Рекорден пит-стоп на Ред Бул

Себастијан Фетел постави нов рекорд со осум победи во серија, но со нов рекорд од патеката во САД можат да се пофалат и механичарите од Ред Бул и неговиот тимски колега Марк Вебер. Новиот рекорд за најбрза промена на гуми е 1.923 секунди.

ЖРК Вардар ги доби најпосакуваните противници

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, македонскиот ракометен шампион ги доби противниците за следната фаза од ракометната лига на шампионите за жени, каде ќе се сретне во група со екипите на Митјиланд, Савехоф и Туринген.

Швеѓаните ги разбудија Роналдо и пријателите

Во пресрет на вечерашниот реванш од баражот за пласман на Светското првенство, шведска радио станица направи мала забава со гласна музика во раните утрински часови пред хотелот каде се сместени Португалците.

Мото трка во прво лице

Викендов се одржа Гранд при трката во Макао на која Дидие Грамс заврши на осмата позиција, но за нас најважно е што тој монтирал камера на својот мотор и сака да ни сврти едно кругче околу патеката. Фулскрин и уживајте.

Платини и Кројф се допингувале

Нова книга издадена во Холандија со сведоштва на клупски доктори и поранешни играчи ги потврдува сомнежите дека во 70-те години повеќето фудбалери, сакале или не, биле допингувани.

Нухиу од UNIQA го извозе автобусот на ЈСП

Започна шестото коло од Бизнис лигата на Македонија со два одиграни натпреваи по кои победи прославија UNIQA и МЕПСО.

4000 жртви за реализација на СП Катар 2022

Наредната година не чека Светско фудбалско првенство во Бразил кое сигурно ќе донесе голема возбуда, но никако да стивне темата и да се решат скандалите поврзани со подмитениот Мундијал во 2022 година каде на големо се зборува за нарушените човекови права на работниците.

Имињата на премиерлигашите според логоата

Сигурно дека ни на крај памет не ви текнало да ги анализирате логоата на некои клубови и според тоа да им дадете назив. Епа за тоа се погрижија креативните buzzfeed.com кои еве како решија да ги крстат клубовите од Премиер лигата.

Зајде од дриблање

Евертон Рибеиро од Крузеиро не ни е непознато мајсториште кое си проигрува со противниците, а овој пат жртви за мајтапење на мал простор му беа тројца играчи од Понте Прета.

Историското дерби на Ерусалим го добија навивачите

Минатата недела во второлигашки спектакл во Израел, тимот оформен од страна на разочарани навивачи го победи клубот за кој што порано тие навиваа.

Ќе дриблаат 1966 км до Бразил за хумани цели

За слична, но многу подолга авантура се реши еден храбар Американец кој планираше сам да пешачи до Бразил, но во оваа приказна се работи за тројца другари од Англија.

Прекинат натпревар заради пијан судија

Натпревар од англискиот куп бил прекинат на седум минути до крајот откако судијата се повредил, а човекот кој сакал да го замени бил видно пијан.

Најдоброто и најлошото од Серија А

По два ипол месеци или скоро една третина од стартот на новата сезона во италијанскиот фудбалски шампион, „Газета дело Спорт" го состави тимот на до сега најуспешните играчи кои потпишаа летово на чизмата, како и составот со оние кои потфрлија.

Најдобрата навивачка збунка

Кошаркарите на Колумбија загубија два напади на многу глуп начин благодарение на трик од страна на навивачите на Мичиген Стејт.

Сам постигна 109 поени

Џек Тејлор, колеџ сензацијата од САД кој пред една година постигна 138 поени на еден натпревар, повторно запиша троцифрен број на поени.

Дибиров во најдобриот тим и гол на колото

Ракометарот на македонскиот шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров се најде во најдобриот тим, а еден од неговите погодоци против Металург е прогласен за најдобар гол на колото во ракометната Лига на шампиони.

Фудбалерите и навивачите си ги заменија местата

Играчите на романскиот второлигаш УТА Арад се главна вест во земјата откако си ги заменија местата и им пееја песни на навивачите.

Ризикот да си во прв ред

Некои луѓе плаќаат и по 15.000 долари за да седат во прв ред на кошаркарски натпревар за да можат подобро да ја почувствуваат акцијата, но некој може и премногу силно да ја почуствува.

Фетел поставува нови стандарди во Ф1

Четирикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел продолжува да руши рекорди. Тој денес стана првиот возач кој победил на осум трки во низа.

Офсајд лик на денот: Метју Фламини

Овој случај не е трагичен како оној со голманот од Уругвај кој ја заврши кариерата затоа што по грешка си ги исече прстите, туку е глупав, а актер е фудбалерот од Арсенал кој на дербито против Манчестер Јунајтед го прекршил правилото за носење дресови.

Случајот од Дељадровци се повтори во Англија

Фудбалер од село Дељадровци кое се наоѓа во Општина Илинден во една прилика ни раскажа како во селската лига каде што настапува едвај успеал да го убеди судијата дека постигнал регуларен гол затоа што мрежата била скината. Видео немаме од таа случка.