За малиот клуб Хапоел Катамон од Ерусалим пишувавме пред неколку месеци кога влезе во историјата на израелскиот фудбал како првиот клуб во целосно сопственост на навивачите кој успеал да се пласира во професионалната втора лига.
Но овој факт не беше единствената причина заради која овој израелски третолигаш го привлече вниманието на светската јавност. Клубот бил оформен пред само шест години од страна на разочарани навивачи на Хапоел Ерусалим кои не биле задоволни раководењето на клубот и решиле да оформат клуб кој ќе биде целосна спротивност на другиот градски ривал Беитар Ерусалим кој припаѓа на националистичката партија на Изрел и чии навивачи се тешки националисти и расисти.
Клубот е во целосна сопственост на навивачите кои се демократски расположени и отворени за сите раси и религии. Во овој клуб играат Евреи и Арапи, Христијани и Муслимани, а навивачите во огромен број ги бодрат на секој натпревар во цел Израел.
Судбината сакаше во втората лига да се пресели и Хапоел Ерусалим, па викендов овие две екипи се сретнаа за прв пат во историјата.
Со гол во 90-та минута, Хапоел Катамон - екипата оформена од навивачите, прослави победа над Хапоел Ерусалим - тимот за кој тие порано навивале.