Малиот клуб Хапоел Катамон од Ерусалим влезе во историјата на израелскиот фудбал како првиот клуб кој е целосно во сопственост на навивачите кој успеал да се пласира во професионалната втора лига. Но овој факт не е единствената причина заради која овој израелски третолигаш го привлече вниманието на светската јавност.
Фудбалскиот клуб Хапоел Катамон е оформен во Ерусалим, град каде егзистираат „гиганти" Беитар и Хапоел. Токму овие два клубови се причината за оформување на Катамон. Пред 6 години, неколку навивачи на Хапоел Ерусалим не биле задоволни раководењето на клубот и решиле да оформат клуб кој ќе биде целосна спротивност на другиот градски ривал Беитар Ерусалим кој припаѓа на националистичката партија на Изрел и чии навивачи се тешки националисти и расисти.
Катамон е како тим од паралелниот свет. Клубот е во целосна сопственост на навивачите кои донираат по 300 долари годишно. Тие се демократски расположени и отворени за сите раси и религии. Во овој клуб играат Евреи и Арапи, Христијани и Муслимани, а навивачите во огромен број ги бодрат на секој натпревар во цел Израел.
Ваквото работење на клубот го натера дури и капитенот на Хапоел Ерусалим, Шај Ахарон кој важеше за легенда во градот, да го раскине договорот со клубот и да премине во малиот третолигаш.
6.000 навивачи го бодреа тимот на решавачкиот натпревар од последното коло кој Хапоел Катамон го доби со 6:1 со што малиот анти-расистички клуб оформен од навивачите пред само 6 години, успеа да се пласира во втората професионална лига и да ги освои симпатиите на целиот фудбалски свет.