На неодамнешното англиско дерби кое фудбалерите на Арсенал го загубија минимално на „Олд Трафорд", Топџиите истрчале на теренот со дресови по долги ракави, но никој не го забележал фудбалерот од средниот ред Метју Фламини кој се уште си терал летна шема.
На денот на одигрување на натпреварот како правило во клубот е капитенот да одлучи со какви дресови ќе настапат играчите на Арсенал, но тоа не го испочитувал Фламини кој ракавите си ги пресекол со ножици.
Англиските медиуми овој потез на Фламини го опишаа како голем гаф, а ние одлучивме да го сместиме во друштво со останатите офсајд ликови. Реакцијата на анонимен извор од клубот кој дал изјава за медиумите е навистина многу логична.
„Зошто наместо да ги сече со ножици, едноставно не ги засукал ракавите?", вели анонимецот.