Не е некоја голема мистерија, ниту изненадување, туку тоа само една болна тема за која никој не сака да дискутира. Факт е дека многу клубови во 60-те и 70-те години кога немало контроли ги допингувале своите фудбалери со амфетамини, а тоа сега се потврди и со искази на сведоци.
Во својата нова книга "Voetbal Mysteries" холандскиот новинар Гуидо Дерксен објави сведоштва на докторите на Ајакс и репрезентацијата на Холандија, како и на фудбалерите Џони Реп, Арие Хан и Пит Шријверс.
Ова на кратко се неколку заклучоци од книгата:
- Некои клубови во Холандија им давале апчиња на фудбалерите уште во 50-те години. Во 60-те и 70-те, фудбалерите на Ајакс, Феенорд и Твенте имале испиено тони амфетамини.
- Тогашниот доктор на репрезентацијата на Холандија потврди дека на Светските првенства во 1974-та (предводени од Јохан Кројф) и 1978-та година, холандските фудбалери биле допингувани.
- Џони Реп, напаѓач на холандската репрезентација кој бил соиграч на Мишел Платини во Сент Етјен, призна дека откако во 1979-та година загубиле од ПСВ со 2:0, пред реваншот сите фудбалери (вклучувајќи го и Платини) примиле инфузија со непозната течност.
Фудбалерите на Сент Етјен „летале“ на теренот и уште во првите пет минути воделе со 3:0, а на крајот победиле со 6:0.