Сам постигна 109 поени

Џек Тејлор, колеџ сензацијата од САД кој пред една година постигна 138 поени на еден натпревар, повторно запиша троцифрен број на поени.

Џек Тејлор настапува за Гринел колеџот во третата NCAA дивизија и оваа сезона има просек од преку 90 поени по натпревар. Во првото коло постигна 71 поени, а во второто неверојатни 109!

Но тоа не е негов рекорд. Минатата година на еден натпревар тој реализираше 138 поени.

На последниот натпревар тој шутирал 35/70 за два поени, погоди 24 од 48 обиди за тројка, а реализирал и 7 слободни фрлања. Неговиот тим го добил натпреварот со 173:123.

18 ноември 2013 - 11:10