Себастијан Фетел продолжува да поставува нови стандарди во Формула 1. По Белгија, Италија, Сингапур, Кореја, Јапонија, Индија и Гран прито во Абу Даби, Фетел триумфираше и на трката за Големата награда на САД.
Тоа беше осми триумф во серија за Фетел и тој стана првиот возач во историјата на Формула 1 со ваков успех во една сезона.
До победата во Остин тој стигна со време 1:39.17,148 часа, а зад него беа Роман Грожан од Лотус и Марк Вебер.
До крајот на сезоната останува само уште трката во Бразил која ќе се вози на 24 ноември.
Резултати:
1. Себастијан Фетел (Ред Бул) 1:39:17.148 часа
2. Роман Грожан (Лотус) +6.284 секунди
3. Марк Вебер (Ред Бул) +8.396
4. Луис Хамилтон (Мерцедес) +27.358
5. Фернандо Алонсо (Ферари) +29.592
Генерален пласман:
1. Себастијан Фетел 372 бода
2. Фернандо Алонсо 227
3. Луис Хамилтон 187
4. Кими Раиконен 183
5. Марк Вебер 181
Пласман на конструктори:
1. Ред Бул 553
2. Мерцедес 348
3. Ферари 333
4. Лотус 315
5. Мекларен 102