Тимур Дибиров беше најзаслужен за победата на Вардар над Металург од 27:22. Тој го предводеше македонскиот шампион со девет погодоци и се израмни со Кире Лазаров на врвот на листата на стрелци во Лигата на шампиони со што по втор пат заслужи место во тимот на колото:
Тимур Дибиров (Вардар)
Стипе Мандалиниќ (Загреб)
Стас Скубе (Горење)
Штефан Вајнхолд (Флензбург)
Алберт Рохас (Колдинг)
Максик Бабичев (Динамо Минск)
Арпад Штербик (Барселона)
Освен во тимот на колото, Дибиров се најде и на врвот на листата на најдобри голови постигнати ова коло. На третото место е голот на Игор Карачиќ. Головите можете да ги погледнете тука.