Фудбалскиот клуб УТА Арад се соочува со големи финансиски проблеми оваа сезона кои влијаеа и на резултатите на тимот. По 12 одиграни кола, екипата на УТА со само девет поени се наоѓа на претпоследното место на табелата, но искрените навивачи никогаш не го напуштија својот клуб.
Навивачите не само што им даваат поддршка од трибините на секој натпревар, туку тие им плаќаат храна на фудбалерите, па дури и ги превезуваат до тренинг со своите автомобили.
Во знак на благодарност, по последниот натпревар против Бихор на кој тие успеаа да не загубат и одиграа без голови, фудбалерите се качија на трибината и ги испратија навивачите на теренот, а потоа им пееа песни.
Заеднички беа испеани и неколку песни против актуелното раководство кое според нив е најзаслужно за лошата финансиска ситуација во која се наоѓа клубот моментално.