Избраничките на Индира Кастратовиќ се паднаа во најлесната и најпосакуваната од трите можни групи во втората фаза од Лигата на шампионите каде силите ќе ги одмерат во група со дански Митјиланд, шведски Савехоф и германски Турингер.
Вардарки го избегнаа дуелот против бранителот на титулата, тимот на Ѓер од Унгарија кој се најде во втората група заедно со Крим, Будуќност и Ларвик.
Натпреварите од следната групна фаза ќе се играат од први февруари до 16 март, а првопласираните две екипи од групите ќе ги формираат полуфиналните двојки.