Според правилата на ФИФА, капитените и селекторите на сите репрезентации даваат по пет, три и еден глас за тројца фудбалери кои сметаат дека биле најдобри во изминатата година, но Тијаго Силва не ги знаел до крај правилата.
„Ми беше жал што не можев да гласам за Бразилци, инаку во тој случај мојот прв избор ќе беше Нејмар, а втор ќе бев јас. Вака се решив да му дадам најмногу гласови на Меси, потоа на Ибрахимовиќ поради сите головите кои ги постигна и трет го ставив Роналдо затоа што лани не освои ниту еден трофеј", изјави капитенот на селекцијата на Бразил.
Силва и покрај тоа што сакал немал право да гласа за себе, но според регулативите на ФИФА гласови смеел да дава за колеги од репрезентацијата.
Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске веќе изјави дека годинава ги одбрал Чави и Иниеста, но не откри кој бил неговиот трет избор.