Offside

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа навивачите на Манчестер Јунајтед да експлодира „Олд Трафорд“. Рома вечерва водеше 0-2, но во вториот дел домаќините предводени од сјајниот Бразилец Куња направија целосен пресврт. ПСЖ славеше 0-6 кај Виљареал каде даде 4 гола за 17 минути, а Баерн Минхен победи против Атлетико Мадрид.

Еврогол на Мексес на дербито во Кина

Првото миланско дерби годинава му припадна на Милан кој го победи Интер со 1:0. Голот беше ремек дело на Филип Мексес кој начека една топка од корнер.

Тони Паркер со тигар се спрема за Европско

На 42 дена до стартот на ЕП во кошарка, некои селекции одат на висински припреми, некои на море, некои на езеро. Французите се решија да се спремаат во кафез со тигар. Во склоп на реалното шоу "Fort Boyard", Тони Паркер и Борис Дијао беа во близина на голем тигар.

Гигантите кои Работнички ги донесе во Скопје

Учеството во групната фаза во ЛШ или ЛЕ за сега сè уште е само сон за македонските екипи на меѓународна сцена. Меѓу нив најупорен за сега е Работнички кој поради неговите долги европски фудбалски лета на Филип Втори ги гледавме Ањелка, Диуф, Аквилани, Шкртел, Хернанес, Роки...

Циркузантот кој Панчев го матираше во Бари

Францускиот голман го запаметивме по пеналот на Кобрата во Бари кога Црвена звезда стана европски првак. Што друго треба да знаеме за Паскал Олмета?

Џикиќ: Зошто Пеце од април ми се јави само еднаш?

Српскиот стратег Александар Џикиќ кој на два дена пред стартот на подготовките неочекувано доби отказ од кошаркарската федерација на Македонија, за Офф.нет.мк вели дека во моментов двајца луѓе одлучуваат за сè во МКФ од кои едниот веројатно ќе биде следен селектор.

Лоб од слободен удар на американски начин

Ваков гол во американската четврта фудбалска лига не виделе ни фудбалерите, ни публиката, ниту коментаторите кои реагираа како Џордан да ја закуцал врз Шекил.

Група ЈНА – музичко навивачки омаж на црно белата страна

Олд-скул шмек, оригинални текстови за голема почит, полна трибина на нивните славенички настапи, преполни клубови и ресторани. На балканската навивачка сцена ѝ требаше нешто вакво.

Дерби на 11.000 километри далеку од Милано

Во склоп на турнејата во Азија, утре од 14 часот во кинескиот Шенџен ќе играат Милан и Интер, а средбата е повеќе од дерби поради борбата за освојување на Ориентот.

Офсајд лик на денот: Иван Коновалов

Во нашата омилена рубрика офсајд лик влегува најновото руско засилување во Раднички од Ниш, поради киксот за кој сме цареви само тука на Балканов.

Луис Гарсија прави сангрија

Се прослави по евроголовите и прославата во ЛШ, а навивачите му смислија и песна за сангрија. Како гостин на турнејата на Ливерпул во Малезија, Луис Гарсија правеше сангрија и комотно би можел да биде готвач за каналот на Црвените.

Хулк многу збориш, нема да влечеш ждрепка

Во сабота во 17 часот во Русија неколку познати фудбалери ќе влечат ждрепка за групите за СП 2018 година. Поради коментарите дека во Русија има расизам, Хулк е отстранет од листата и заменет.

Утките на Фоки

На маалски фудбал во некоја од скопските населби, на Фоки ич не му одело во напад. Другарите му ги документирале сите промашувања, направиле дури и репетиција и ни го пратија видеото со објаснување дека сакале да го “прослават“. Сега чекаме одговор од славниот Фоки.

Најчудните трансфери во фудбалот, 2 дел

Минатиот пат пишувавме како се прави трансфер за 15 кила кобасици и за лажниот брат на Веа. Сега го имате славниот Бразилец Сократес кој направи кам бек во кариерата за да игра 12 минути, Норвежанецот кој го трампале за шкампи и голгетерот на Арсенал кој го платиле со тегови.

Хрватска се спаси од исфрлање, УЕФА им зема само бод

Залудно се плашеа Давор Шукер, премиерот Милановиќ и ХНС, затоа што попладнево дознаа дека УЕФА нема да ги исфрли од квалификациите за ЕП 2016 поради кукастиот крст.

Како тренер спречува контра напад

Ќе ви покаже Пабло Мартел од Аргентина кој тоа го направи апла со намера, доби црвен картон и потоа залудно бараше правда.

Златната пензија на Сер Алекс Фергусон

Ферги заработил 5,5 милиони евра за 12 месеци откако се повлече од Јунајтед и од фудбалот. Заработува од издавачките куќи, од улогата амбасадор на Манчестер и од јавните настапи по светот.

Човекот што ги учи фудбалерите како да спијат

Тренери од ваков тип постојат, еве не сме знаеле. Но им требало долго време за да влезат во светот на спортот. Тоа дека не е препорачливо секс пред натпревар немало везе, исто како и старата теорија дека требало да се спие по 8 часа. 

Не за ривали на иста трибина

Јамајка и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, откако првите го направија најголемото изненадување во историјата на овој турнир и ги елиминираа САД, а вторите со судиска помош ја победија Панама. Судијата ги скара и навивачите кои подоцна долго време се тепаа на трибините.

Кога животот на навивачот е поважен од ривалството

Фенербахче и Олимпијакос синоќа одиграа пријателски меч кој го добија Турците со 3:2. Гостите добија заслужен аплауз откако лекарскиот тим интервенираше кај навивач на Фенербахче.

Македонија на листата на највисоки казни од УЕФА

Србија и Русија се парично најказнувани федерации од УЕФА, а на листата со највисоки казни се уште и Шпанија, Хрватска, Бугарија и Македонија. Нас нè казнија во 2003-та поради расизам.

Современа актерска школа за глумење фаул

Десникот бек на Мексико, Пол Агилар кој игра фудбал од 2004 година зарем не знае дека натпреварите се снимаат со повеќе камери, дека постои репетиција и дека ќе го сецнат баш тој дел каде се глупира на едно метро од судијата?

Крвав судир меѓу фракциите на Бед Блу Бојс во Луксембург

Динамо Загреб синоќа го играше реваншот од квалификациите за ЛШ и победи 0-3 против Фола Еш од Луксембург, но триумфот на Модрите остана во втор план поради сериозните инциденти кои направиле фракциите за и против Здравко Мамиќ

Фудбалскиот дуел меѓу Тито и Сталин

Натпреварот меѓу Југославија и СССР во Финска е еден од митските симболи на политичниот судир меѓу двете комунистички спротивставени сили. Ако победиш си како крал, а поразените биле деградирани и бркани од фудбалот. Средбата била „слобода или смрт“.