Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Колку “едноставно“ Германија ја доби Шпанија во финале

Шпанија влезе како фаворит на финалниот ракометен натпревар во Полска, но на крај Германија ја доби битката и го освои златото. Тактиката во 60-те минути кои целосно им припаднаа на Германците на Твитер ја покажа исландскиот стратег Дагур Сигурдсон кој им донесе второ злато на Европските првенства.

ПСЖ им се намерачи на рекордите

По сè изгледа ПСЖ сезонава ќе ја преправи историјата на францускиот фудбал и ќе постави неколку рекорди стари и по 20-30 години.

Кога сакаш да научиш да бордаш и скијаш

Најголема мотивација за оние кои допрво се канат да застанат на скии или на сноуборд, а не умеат е 1-годишно бебе од САД кое борда како да има години и години искуство во овој спорт.

Учинокот на Барселона во последните 4 месеци

Домашно првенство, Куп, Лига на шампиони, Светско клупско првенство. Од 3 октомври до 3 февруари Каталонците одиграа 27 средби и по поразот од Севиља ниту еднаш не излегоа од стадион со спуштени глави.

Динамо му даде лажна надеж на Адеми

Во случајот на македонскиот репрезентативец се случи нов разочарувачки пресврт. Според правилата на УЕФА, тој не смее да игра ниту во четврта лига.

Што сè има по американските сали?

Тотално неразбирлив за нас Европјаните, односот на американската кошаркарска публика подразбира тролање на противникот со најразлични методи, а тоа што се случува во НБА салите го нема никаде.

Демпси и Варди со идентични голови

Напаѓачот на Фулам го лобуваше голманот на Стоук во 2010-та, а на исти начин синоќа му легна и на Џејми Варди против Ливерпул.

Девет ретро фотки со Фергусон

Можеби некој прв пат слуша дека шкотскиот легендарен стратег е прв кој загубил работа преку судење, а инаку со Абердин во финалето од Купот на куповите на победниците го совладал Реал Мадрид.

Грузиски Ол-Стар

Мечот на сите ѕвезди од грузиското кошаркарско првенство нè тера да подразмислиме кој ги бирал овие играчи за овој натпревар?

Пред руските милиони Челси губеше по 7:0

Кога Абрамович немаше абер да се укотви на Стемфорд Бриџ во Европа излегуваа Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест. Овие последните кои сега играат во втора лига често беа немилосрдни против Сините од Лондон. Во сезоната 1986/87 на гости ги совладаа 6:2, а во 1978/1979 и далечната 1907/1908 имаат победи од по 6:0. Најголемиот шамар го изедоа пред 26 години.

Најскапите трансфери во 90-те

Врвни напаѓачи ја одбележаа оваа декада во која почнаа драстично да растат трансферите. Почнаа со легендарен дефанзивец на Рома, а завршија со едно незаборавно дуо на Интер кое не успеа да му се израдува на Скудетото.

За Викомб брани 46-годишен голман

Во 13-та минута од мечот Плимут - Викомб, се повредил домашниот голман Алекс Линч. Него го заменил Бери Ричардсон, кој допринел Плимут за првпат сезонава да не даде гол на домашен терен (гостите славеа 0-1).

Како се изведуваат пенали во Гватемала

Гватемала игра футсал натпревар против Панама. Гватемала шутира пенал против Панама. Гватемала изведе мангупски пенал против Панама.

Англичаните беа скржави во јануари

Двете екипи од Манчестер во летниот преоден рок беа најголеми трошаџии во Премиер лигата, а минатиот месец не дадоа ни банка за играчи. Нетипично за клубовите кои го делат најголемиот колач во светот за тв права, овој зимски преоден рок ги штедеа фунтите, а најмногу трошеа Њукасл и Ватфорд.

Во Словенија купуваат играчи преку ЛинкдИн

Тренерот на Домжале, познат словенечки прволигаш, ја одбрал познатата социјална мрежа од светот на работата за да најде нов офанзивен бек за екипата.

Каде ќе оди Шармантниот?

Како ретко кој, достоинствено се носеше со сознанието дека е поранешен и дека на негово место ќе дојде Пеп Гвардиола. Чилеанецот по сè изгледа ќе оди на Стемфорд Бриџ или на Висенте Калдерон.

Кинеска фудбалска револуција

150 милиони евра за засилувања за еден месец, телевизиски пакет од 1,25 милијарди, понуди за годишна плата и до 20 милиони, најголема академија во светот, задолжително играње во 20.000 училишта. Со фудбалот во Кина нешто се случува.

Хулк, не е секој ден Велигден

По лажњакот со кој насмеа милиони прегледи на Јутјуб, Хулк се обиде да го повтори шутот, но овој пат малку погрешно пресмета.

Трансфер гуруто Бепе Марота

Неколку потписи го направија генералниот директор на Јувентус лидер на трансфер пазарот во Италија и со кои го заслужи авторитетот кај најверните навивачи на Бјанконерите.

Милан - Интер со коментар на Крудели

Во праволиниското спортско коментирање на поднебјево, се прашуваме како би било доколку има некој позитивец како Тициано Крудели кој целиот живот навива за Милан и ги коментира натпреварите на овој клуб за италијанскиот Скај Спорт. Урла против Карпи и Киево, па може да замислите како се однесува против Интер.

Јавување во живо со лудак покрај себе

Трансфер преодниот рок во повеќето земји заврши синоќа на полноќ. Во Италија немаше нешто многу за одбележување (освен Едер во Интер), така што вниманието го доби случајниот минувач до новинарите од Скај Спорт.

За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.

Дете кое со сила игра во одбрана

Младински фудбалски натпревар во Алжир меѓу екипи со играчи до 14 години. Дали се роди новиот Франц Бекенбауер или детево со време треба да го стават да игра понапред?

Импресивни бројки на Наполи кој брка Скудето по 26 години

Во ерата на доделување 3 бода за победа, Наполитанците никогаш во овој момент од сезоната немале 50 освоени бодови. Игуаин и Инсиње заедно имаат повеќе постигнати голови од 15 екипи во Серија А.