Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Фудбалскиот Колумбо кој ги откри Ромарио и Роналдо

За човекот без кој Роман Абрамович не пиел кафе се смета дека има шесто сетило кога во прашање се младите фудбалери. Го намирисал талентот на Ван Нистелрој, Роналдо, Робен, Нејмар и многу други.

Мојот убав фудбалски месец

Иако е најкраток, кога ќе видите што сè има од фудбал во февруари ќе ви се види како најсладок. Ни следува ударна доза на дерби средби во Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига и Серија А, а почнува и нокаут фазата од Лига на шампиони. Прекрасно.

Слободни фрлања по старски

Ваквите слободни фрлања се практикувале пред 50 години или кога Лазар Лечиќ бил тренер. За помладите меѓу кои сигурно има и некој кој прв пат гледа вакво нешто, се појави пример од универзитетска лига во САД, скроз нетипично за кошарката која ја гледаме во 2016-та.

Што прават дипломираните студенти на Јуве?

Јуве одамна е познат по својата академија. Роберто Бетега, Карло Бигато, Доменико Кришито, Себа Џовинко, Клаудио Маркизио се најзнаменитите студенти. Сепак не добиваат шанса сите млади играчи.

Што се случи додека Азард апстинираше од голови

Еден Азард минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на Челси и најдобар играч во англискиот фудбал. Оваа сезона го нема никаде. На мечот против Макаби Тел Авив во групната фаза од ЛШ промаши пенал, исто како и во четвртата рунда од Лига Купот против Стоук во која Челси беше елиминиран, а Белгиецот единствен играч кој не реализираше од белата точка.

Третолигашот кој го разведри италијанскиот фудбал

Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.

Ја имаме фудбалската тепачка на годината

Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.

Тони од Крива Паланка ќе носи штуцни и ќе игра баскет

Јануарската битка на Типстер заврши ноќеска на полноќ, а прво пласираните тројца најдобри Типстери на месецот ќе поделат пет подароци.

Тери и Челси, како беше?

Џон Тери објави дека на крајот од сезоната го напушта клубот во кој ја помина целата кариера и најверојатно ќе се пресели во американската МЛС лига.

Амбициите на Ѓоковиќ во 94-та

Двајца клинци седат на муабет, односно едниов му прави интервју на другиов кој зборува за тенис, неговите тренинзи и целта која планира да ја постигне со овој спорт. Што велат денеска тие кои тогаш го гледале ова видео.

Сите Гренд слем титули на Ѓоковиќ

Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.

Златен медал за моќната Германија

Ракометната репрезентација на Шпанија која е двократен Светски првак ќе почека за титула на Европските првенства. Вечерва беше индиспонирана и целосно надиграна од Германците кои по Словенија 2004-та, ја слават втората Европска круна.

Македонија против Чешка за пласман на Мундијалот

На денешната ждрепка во Краков, македонските ракометари го дознаа противникот со кој ќе се борат за пласман на СП 2017.

Како стигнаа до финале

Шпанија и Германија се сретнаа во првото коло на ЕП и во борбен и ефикасен натпревар со 12 исклучувања Шпанците триумфираа со три голови разлика. Тоа беше единствениот пораз на Германците на ова првенство, додека Шпанците загубија само од Данска. Денешното финале го играат во 17:30. Црвената фурија има три финалиња, но ниту едно злато, a Панцирите беа Европски прваци во Словенија 2004-та.

По што навивачите ќе го паметат Немања Видиќ?

Во професионалниот фудбал, Видиќ играше за пет клубови и една репрезентација со две различни имиња. Навивачите на секој од овие тимови се сеќаваат на својот Видиќ.

Четири кецови и два меча 3+

Шест нови предлози за денеска на Мирјана. Изборот падна на холандско, италијанско, белгиско, шпанско и бразилско првенство.

Грчки фудбалери седнаа на трева и молчеа две минути

Фудбалски натпревар во Грција почна поинаку од вообичаеното откако сите играчи се организираа и оддадоа импривизиран почит на бегалците кои ги загубија животите во обид да стигнат до грчките острови.

Ќе има голови во Рим, а Германците се дупла победа

Минатото коло Интер прими гол во 92 минута и ни го скина тикетот на Мирјана. Одиме со шест нови нејзини предлози за денеска.

Укината суспензијата на Реал и Атлетико Мадрид

ФИФА одлучи да ја укине казната на шпанските гиганти кои беа суспендирани поради кршење на правилата за трансфер на малолетни играчи.

Како се движеа трансферите во 80-те

И во тоа време најскапите трансфери изнесувале во милиони, но со таа разлика што најскапиот играч тогаш чинел 10 пати помалку од најскапиот во денешно време. Трансферите ги одбележале Марадона, Баџо, Гулит, Клинсман, но ниту еден од нив не бил најскап.

Тимот од провинција кој се прослави на голема сцена

Мирандес е екипа која важи за нагазна мина за фаворитите во шпанскиот Копа дел Реј. Со фантастичен фудбал добиваа аплаузи на Риазор, Ла Ромаледа, Санчез Писхуан и успешно се бореа на два фронта, во купот и првенството.