Црвена Звезда
Во тимот од Белград, Видиќ дошол на неполни 15 години и до 23 години стекнува големо искуство. Звезда го позајмува во Спартак Суботица, освојува титула со белградскиот состав и два купа и станува капитен. Во негова чест се сними и филмот „Артиљеро“ кој раскажува приказна за едно момче кое сака да го врати Видиќ во Црвена Звезда.
Спартак Москва
Во летото 2004. година, Видиќ премина во рускиот Спартак. Таму тренери му беа Невио Скала и Александар Старков. За две сезони во Москва, Србинот одигра 41 меч, постигна 4 гола и освои едно 8-мо и едно 4-то место. Од таму направи супертрансфер во Англија.
Манчестер Јунајтед
Главен клуб во кариерата на Видиќ. Освои неверојатни 5 титули во Премиер лигата, Лига на шампиони, 3 Лига Купа и триумф на Светското клупско првенство. Во пар со Рио Фердинанд го сочинуваа еден од најдобрите тандеми во историјата на англискиот фудбал. За тоа Рио зборуваше во неодамнешното писмо кое го пиша во чест на пензионирањето на Видиќ. Фердинанд напиша дека Видиќ е најдобриот играч и човек со кој некогаш играл.
Во клубот го почитуваа неизмерно. Кога Сер Алекс Фергусон го назначил за капитен, во соблекувалната прв станал Рајан Гигс и почнал да аплаудира, а навивачите на Јунајтед на мечот против Дерби Каунти во четвртокот 20-ина минута ја пееа песната посветена за Видиќ.
Интер
Последен клуб во кариерата на Немања. Повреди,пад на формата, недоверба кај Манчини. 23 натпревари лани и ниту еден сезонава што беше причина повеќе Видиќ да ја заврши активната фудбалска кариера.
Репрезентација на Србија
Во репрезентацијата Видиќ не пројде многу весело. Патуваше на 2 Светски првенства, но не заигра на Мундијалот 2006. во Германија кога заедничката држава Србија и Црна Гора загуби 6-1 од Аргентина. Видиќ тогаш беше суспендиран поради картони а не играше и поради повреда. На второто Светско, во 2010. година во Јужна Африка беше дел од селекцијата која што ја победи Германија 1:0, но на крајот завршија последни во група. Го обвинуваа и критикуваа дека за репрезентацијата не пружа ни дел од она што го игра во Манчестер Јунајтед, после што Видиќ се повлече.
И покрај негативната кампања во однос на репрезентативните настапи, Видиќ во Србија ќе остане запаметен и по еден голем гест. Еден од неговите најдобри другари од младоста, Влада Димитриевиќ, талентиран фудбалер на Црвена Звезда почина на 1. октомври 2001. година. На еден од тренинзите под водство на тренерот Славољуб Муслин, Димитриевиќ оддеднаш паднал на земjа во бесознание, а на патот кон болницата до него бил неговиот најдобар другар Немања Видиќ.
Покрај меморијалниот турнир во негова чест, Видиќ во телефонски разговор со таткото на Влада, Недељко му соопштил дека на банкарската сметка му префрлил 126.000 евра и го советувал да купи стан во Белград. Станот бил број 15, бројот кој го носеше Видиќ во Манчестер Јунајтед.