Што се случи додека Азард апстинираше од голови

Еден Азард минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на Челси и најдобар играч во англискиот фудбал. Оваа сезона го нема никаде. На мечот против Макаби Тел Авив во групната фаза од ЛШ промаши пенал, исто како и во четвртата рунда од Лига Купот против Стоук во која Челси беше елиминиран, а Белгиецот единствен играч кој не реализираше од белата точка.

Азард беше без постигнат погодок 2.358 минути или 30 меча се до вчера кога конечнo се израдува и тоа од белата точка во четвртото коло од ФА Купот против МК Донс, на кој Челси славеше на гости со 5:1.

Што се случи во фудбалот додека го немаше со гол?

- Филип Лам доби жолт картон

- Стариџ се повреди, се врати, пак се повреди, пак се врати, пак се повреди, па пак се врати и на крај пак се повреди.

- Барселона освои 5 трофеи

- Сеп Блатер победи на изборите на ФИФА, се повлече, се врати и доби 8 годишна суспензија.

- Карло Анчелоти доби отказ од Реал Мадрид, се одмори и потоа беше именуван за нов тренер на Баерн Минхен кој ќе го води по крајот на оваа сезона.

- Челси славеше двојна титула, па влезе во зона на испаѓање.

- Бентнер беше на клупа 15 пати, даде 5 гола и освои 2 трофеи.

- Реал го отпушти Анчелоти, го назначи Бенитез, потоа го отпушти и него, па го назначи за нов тренер Зидан. 

- Во Серија А се свртеа 7 екипи како лидери на табела.

1 февруари 2016 - 12:05