Ја имаме фудбалската тепачка на годината

Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.

Иако е 1. февруари, најверојатно во црниот избор за тепачка на годината веќе се издвои фаворитот. Минатата недела пишувавме за пријателската меѓу Бока и Ривер која беше сè освен пријателска (пет црвени картони, девет жолти и 44 фаули).
 
Тој меч беше камилица во однос на тоа што се случи на уште една пријателска и тоа меѓу најголемите ривали од Ла Плата. Се играше финишот од мечот меѓу Естудијантес и Химназија (1:0), кога еден груб прекршок го распали огнот. Ситуацијата наизглед се смири, но тогаш Антонио Медина од Химназија подели едена тупаница, го нокаутираше противникот и тоа беше старт на екстремната тепачка во која на крајот имаше и повредени.
 
Мариано Андухар, некогашниот голман на Палермо беше „јунак“ во општиот хаос, патосираше неколку играчи на Химназија, пред да добие еден удар од позади грб па и тој да падне на земја.