Затоа што нема ни ред ни поредок и никој не те штити. Колку и да донесеш погрешна судиска одлука не може некој од играчите да се дрзне и главата да ти ја користи како топка. Да, токму тоа се случи во Венецуела, по што логично судијата не се помрдна од земја. Додуше имаше двајца од тоа желките, ама интервенираа по два века, односно не ни интервенираа.