11 кошмари во турскиот фудбал

Последната епизода насилства во турскиот суперлигашки фудбал на програмата одеше минатиот викенд за време на дербито Трабзонспор - Фенербахче. Во не така далечно минато се случија сериозно насилни настани.

Мај 2012. година
 
Галатасарај ја освои титулата која што ја прослави во последното коло и тоа на стадионот на најголемиот ривал Фенербахче. Средбата заврши без голови, а играчите на Галатасарај по последната судиска свирка беа опколени со силно полициско обезбедување и така ја славеа титулата со штитови околу нив.
 
Нередите продолжиле и надвор од стадионот каде што навивачите на Фенербахче кршеле излози на продавници, превртувале полициски автомобили и фрлале камења. 29-годишен навивач на Галата бил прободен со нож.
 
 
Септември 2013

По црвениот картон на Фелипо Мело за груб старт од зад грб кон Бразилецот полетаа неколку шишиња, а кон полицијата столици. Залудно се обидоа специјалните единици со солзавец да ги растераат хулиганите кои влегоа на теренот и направија хаос. Подоцна околу 500 посебни агенти на полицијата во Истанбул биле мобилизирани да ги бараат најистакнатите хулигани.

Март 2014

Дуелот Трабзонспор - Фенербахче беше прекинат при резултат 0:1 за гостите поради големи безредија на трибините кои по традиција се прелеаа на улиците. Тимот од Истанбул подоцна ја доби службено средбата со 0:3.

Декември 2014

На фудбалски меч меѓу аматерските екипи на Сакари и Ќузулукспор црвен картон добил играчот на домашните Хамза Сари. Кога никој не очекувал, Сари бесен од одлуката на судијата се вратил на теренот со нож и го нападнал, но за среќа соиграчите го сопреле и Сари паднал во раце на полицијата.

Април 2015

Со сигурност најопасниот случај во историјата на турскиот фудбал. Возачот на автобусот беше погоден од огнено оружје во моментот кога играчите на Фенербахче се враќале од градот по мечот со Ризеспор. Во моментот на нападот, автобусот се движел со голема брзина и само чудо ги спасило играчите од хаварија.

За настанот раскажуваше Емануел Еменике, Нигериски напаѓач кој сега е позајмен во Вест Хем: „Неколку фудбалери беа станати, ја прославувавме победата кога наеднаш се слушна силен удар. Мислев дека автобусот удри во нешто, но наеднаш официрите задолжени за безбедност рекоа да клекнеме сите на земја.

Набрзо сфативме дека возачот е цел во локви крв, а сите се преплашија кога слушнавме дека имало истрели и скршено стакло", раскажуваше Еменике пред англиските новинари на промоцијата во Вест Хем.

На барање на Фенербахче, турската фудбалска федерација го суспендираше првенството на една недела. Три недели подоцна, автобусот на Фенербахче беше каменуван од околу 150-200 навивачи на Бурсаспор.

Август 2015

Вооружен напад врз играчот од средината на Турската фудбалска репрезентација и Фенербахче, Мехмет Топал. На него пукале додека бил на пат за тренингот. Среќа целиот инцидент завршил без сериозни последици и само затоа што фудбалерот имал непробојно стакло на џипот.

Октомври 2015

Претседателот на Трабзонспор, Ибрахим Хаџиосманоглу четири часа ги држел затворени судиите во клупските простории, затоа што пред крајот од мечот не свирнале пенал во полза на неговиот тим. За ослободување на судиите ургирал дури и претседателот на Турција, Ердоган.

На суд виновниот Хаџиосманоглу изјавил дека тој ги држел со цел да ги заштити од разбеснетите навивачи кои ги чекале пред стадионот. Тоа не му помогна многу, затоа што го суспендираа н 280 дена и парична казна од 48.500.

Ноември 2015

Навивачи на московска Локомотива знаеа дека ги чека негостопримство на мечот против Бешикташ од Лига Европа, но и покрај тоа отпатувале 200 и нешто души.

„На денот пред мечот во град нападнаа шест наши. Еден од нив лепел стикер (налепница), па го нападнале 15-ина души од кои двајца носеле ножеви. На друг наш му украдоа паричник, но за среќа документите му ги најде полицијата. Следниот ден наши навивачи биле провоцирани во метро кога оделе кон стадионот", изјави за руските медиуми во ноември Иван Крилов, еден од лидерите на навивачите на Локомотива.

Ноември 2015

Пред пријателската средба со грчката фудбалска селекција, навивачите на Турција за време на 1-минутниот молк во сеќавање на жртвите од парискиот масакр, сканидраа: „Алаху Акбар". Подоцна се вмеша политиката која се обиде да ја изглади ситуацијата дека наводно им се свирело на терористите а не на жртвите.

Февруари 2016

Пред мечот со Фенербахче во Лига Европа, автобусот со навивачите на Локомотива бил каменуван. За среќа полицијата брзо реагирала и спречила ескалација.

Април 2016

На крајот од мечот Трабзонспор - Фенербахче 0:4 во неделата, еден навивач им избегал на редарите и го нападна петтиот судија зад голот. Од потешки повреди го спасија редарите кои брзо го фатија напаѓачот.