Јусуф Јазичи е мотиваторот, а тој што ја трпи „малтретажата“ е 20 годишниот Ридван Јилмаз. Коментаторите се смееа, а фудбалерот на Лил како тргна, мислиш око ќе му извади. Инаку Турција ја победи Летонија 1:2, со гол од пенал во 99-та минута.
Кога ќе речат националниот дрес е чест, радост и светост, се мисли на вакво видео во кое играчов фалеше уште колут напред да направи од среќа што ќе ја претставува својата земја.
Поранешниот голман на Турција, на Фенербахче и Барселона Рушту Реџбер е заразен со коронавирус и се наоѓа во тешка состојба, објави жена му. Турскиот лист Милијет пишувал дека на некогашниот голман коронавирусот наводно му го пренела сопругата која скоро се вратила од САД.
Фудбалската репрезентација на Турција ја изненади Европа откако после Холандија, убедливо го совлада и светскиот првак Франција и тоа на исто место - во градот Коња каде во минатото не играле речиси никогаш.
Последната епизода насилства во турскиот суперлигашки фудбал на програмата одеше минатиот викенд за време на дербито Трабзонспор - Фенербахче. Во не така далечно минато се случија сериозно насилни настани.
Турскиот клуб Галатасарај потврди дека таткото на нивниот играч и репрезентативец на Турција, Умут Булут загинал во синоќешните терористички напади во Анкара кога загинаа повеќе од 35 лица.