Алпаслан Озтурк е роден во Белгија, ама има потекло од Турција и неговиот репрезентативен пат е мешан и се движи на релација Турција - Белгија - Турција, ама до сега само во младински категории.
Во ноември 2010-та дебитирал за Турција У-18 во стартна постава против врсниците од Германија, а следната година добил повик од Белгија У-18 по што заиграл и за селекциите на Белгија У-19 и У-21.
Но во 2013-та повторно го викаат да врати во младинците на Турција и настапува како стартер на СП 2013 за У-20.
Инаку Озтурк е член на Гезтепе и соиграч на Адис јаховиќ, а пред да заигра во турскиот шампионат настапувал за Бершот и Стандард.
Поентата е што реакцијата му е скроз природна, бидејќи ова не е местено и тој појма нема дека го снима камера.
На 27 години дочека да добие повик за сениорската репрезентацијата на Турција која игра квалификации за Светско, а во моментот кога му јавуваат се наоѓа во некоја чекална. И обезбедувањето го гушкаше од радост.