Италија растури, Манчини го надмудри Монтела во Бурса

По бледиот старт и поразот дома од Белгија 0:2, Италија блесна против Турција на гости со високи 1:4. Манчини направи дури 8 измени во однос на првите 11, а тие одговорија машки со убедлива и допадлива игра. Бастони, Фратези и дебитантот Мајкл Кајоде од Брентфорд донесоа водство од 0:3 веќе до 27 минута. Јилмаз намали во 47-ма, а само 3 минути подоцна конечниот резултат го постави Пио Еспозито.