Таа наводно ги прекршила прописите и не била во двонеделен карантин туку веднаш отишла во козметичкиот салон која го држи.
Легендарниот голман, препознатлив по долгата коса и офарбаните линии на лице додека стоеше на голот е рекордер во репрезентацијата на Турција по бројот на настапи - 120. Во 2012 година ја заврши кариерата после 5 години во составот на Бешикташ.
„Го однесовме маж ми Рушту во болница со дијагноза на Ковид-19. Се беше нормално и ние сме во шок како наеднаш и брзо се развија симптомите“, напишала Исил Реџбер на својот Инстаграм профил и додала дека таа и нејзините две деца биле негативни.
Рушту Реџбер се прослави на Светското првенство 2002 година а стана и икона на Фенербахче каде бранеше повеќе од 10 години. Го паметиме и по краткиот престој во Барселона.
„Му ги праќаме нашите желби за брз опоравок на нашиот поранешен репрезентативен голман Рушту Реџбер кој го носеше нашиот дрес со години: сакаме да оздрави што е можно поскоро и се надеваме на добри вести за него“, напишаа на профилот на Фенербахче на Твитер.
„Издржи Рушту! Те сакаме и како Барселона стоиме до тебе!“, пишаа од Барса на Твитер.
Сопругата на Реџбер, Исил Реџбер рекла дека мажот и бил изолиран во болница и дека тие немаат дозвола да го посетуваат.
„Ова е критичен период и многу е тешко. Нека Бог им даде побрзо оздравување на сите пациенти и на маж ми“, рекла Исил.
Во Турција бројот на починати како последица на коронавирус во саботата скокнал од 16 на 108, а вкупниот број на потврдени заразени е над 7.000 изјавил министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа.