Укината суспензијата на Реал и Атлетико Мадрид

ФИФА одлучи да ја укине казната на шпанските гиганти кои беа суспендирани поради кршење на правилата за трансфер на малолетни играчи.

Комисијата за жалби при светската фудбалска организација донесе одлука со која на Реал и Атлетико им се овозможуваат трансфери во летниот преоден рок. Мадридските клубови првобитно беа казнети да не може да регистрираат фудбалери дури до летото 2017. година, на што и Реал и Атлетико поднесоа жалби.

Комисијата ги прифати жалбите, но најави дека екипите нема да минат неказнето поради што двата случаи ќе бидат на чекање до следниот состанок, по завршувањето на следната сезона.

Претходно Барселона беше суспендирана, поради што регистрацијата на новите фудбалери Каталонците ја дочекаа дури на почетокот на 2016-та година кога Арда Туран и Алеикс Видал добија дозвола за настап.

Од друга страна, комитетот на ФИФА објави дека внимателно ја надгледува работата на Арсенал и Челси кои би можеле да се соочат со забрана за регистрација на играчи, доколку и натаму нелегално потпишуваат договори со малолетни играчи.

30 јануари 2016 - 08:34