Бараж за СП Франција 2017

Македонија против Чешка за пласман на Мундијалот

На денешната ждрепка во Краков, македонските ракометари го дознаа противникот со кој ќе се борат за пласман на СП 2017.

Во јуни годинава, најдобрите македонски ракометари ќе одиграат двомеч од кој подобриот ќе чекира карта за планетарниот турнир кој ќе се одржи во неколку француски градови.

Чесите ни се добро познат ривал, затоа што со нив игравме на Европското 2014-та во Данска кога ремизиравме 24-24, а подобри спомени нашите ракометари носат од дуелите во квалификациите за ЕП во Полска. По нерешените 27-27 во Злин, во реваншот во Борис Трајковски Лазаров и другарите славеа со 32-28 и обезбедија пласман во Полска.

ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СП 2017

Шведска – БиХ
Чешка – Македонија
Полска – Холандија
Русија – Црна Гора
Србија – Унгарија
Словенија – Поразениот од малото финале на ЕП 2016
Исланд – Португалија
Белорусија – Латвија
Данска – Австрија

Првите средби ќе се играат во периодот од 10 до 12 јуни, а реваншите се закажани за една недела подоцна.

Мундијалот се игра од 11. до 29 јануари 2017-та година во Брест, Лил Метропол, Монпеље, Нант, Париз, Руен, Мец и Албертвил.