Со две победи, два порази и едно реми, целта е остварена. Четврти пад по ред на Мундијалите одиме во втората фаза. Најдобар се разбира, Кире Лазаров кој за сега е стрелец број 1 на Светското со 44 гола. Шпанците ги попари со три цепелини. Се водеа тешки битки од кои најмногу ќотек изедоа Столе и Жути. Лино форсираше напад со седуммина, тактика поради која често се нервиравме бидејќи примавме голови без никој да стои покрај стативите. Со Норвешка бркаме историја. Среќно момци.