Пред 24 месеци се радуваа на светското злато освоено во Доха, а вечерва го одбранија пред своите гледачи во модерната сала „Берси“ во Париз.
За ривал во финалето Французите ја имаа Норвешка која куртули од пораз во последната секунда од полуфиналето со Хрватска кога нивниот голман му одбрани пенал на Златко Хорват. И покрај преполната сала и френетичната поддршка за домаќинот, Норвешка воопшто не изгледаше преплашена и мошне брзо фати ритам и ја полнеа мрежата на ветеранот Омејер.
Les tribunes de @AccorH_Arena sont intenables! "Qui ne saute pas n'est pas français, ouai!" @FRAHandball #FRANOR #phenomenalhandball pic.twitter.com/tc6QH2W4fT
— France Handball 2017 (@Hand2017) January 29, 2017
Уште во воведните 10. минути од мечот Норвешка имаше 4-6, најмногу благодарение на техничките грешки на „Галските Петли“ кои загубија пет топки за 10 минути.
Скандинавцте имаа и +3 по 15 минути (7-10), а до тој момент Омејер запиша за него сиромашни две одбрани. Тонесен во тој период имаше 4/4.
По 20 минути игра, Норвешка имаше 11-12 и делуваше дека Французите нема лесно да го скршат отпорот а наскоро Норвешка одново на +3 (11-14). Големи заслуги за ова водство носеше бравурозниот Бергеруд. Но Франција не била тоа што е ако експресно не се врати. Жерар фати три шута едно по друго па неговите соиграчи (најмногу Порт) најпрвин израмнија на 16-16, а до полувремето поведоа со 18-17.
🎶 Gerard's on fire 🔥 Norwegian's attack is terrified 🎶#FRANOR#Handball2017 #PhenomenalHandball pic.twitter.com/CTiMeeOwG7
— France Handball 2017 (@Hand2017) January 29, 2017
Дека е непобедлива ракометна сила, „Триколорите“ покажаа на стартот од второто полувреме. Им требаа само пет минути да поведат со највисоки +5 (23-18). Голманот Жерар фантастично го замени индиспонираниот Тиери Омејер па „Берси“ бурно ја прославуваше секоја негова одбрана (11 интервенции).
Никола Карабатиќ и Гигу ја полнеа мрежата и Франција имаше шест гола предност на 9 минути до крајот (29-23).
Тоа не беше причина домаќините да се опуштат (веројатно потсвесно мислеа на Хрватска) и нагазија уште посилно па на крајот славеа светска титула со победа од 33-26. Во „Берси“ настана еуфорија за рекордното шесто злато од Светските првенства на Франција која сега има неверојатни 11 злата од големите натпреварувања (6 Светски, 3 Европски и 2 Олимписки златни пехари).
Congratulations @FRAHandball on winning the gold medal! #handball2017 #FRANOR pic.twitter.com/HDOE76ilXP
— France Handball 2017 (@Hand2017) January 29, 2017
Никола Карабатиќ даде шест гола, Мае и Гигу постигнаа по пет, а Жерар го заврши мечот со 11 одбрани. Најдобри стрелци кај сребрената Норвешка вечерва беа Тонесен со пет, а Бјорнсен и Хансен дадоа по четири голови. Нивниот лидер Сагосен потфрли вечерва со само 1 гол од дури шест обиди. За МВП на Светското беше прогласен Никола Карабатиќ.
#Handball2017 #FRANOR LA FRANCE EST CHAMPIONNE DU MONDE !!! pic.twitter.com/QfZ1HV5sXu
— TF1 (@TF1) January 29, 2017
Мундијалот заврши. Франција златна, Норвешка сребрена, Словенија бронзена. Следното првенство се игра за две години, во 2019-та и ќе се одржи во Данска и Германија кои ќе бидат домаќини. Покрај нив, сигурно учество на следниот Мундијал обезбеди и Франција со освоеното злато на последниот шампионат.