Македонија беше во третиот шешир и добро е што од вториот ги избегна силните Хрватска и Полска, но тоа што сигурно не ги радува нашите репрезентативци се противниците од четвртиот и петтиот. Тоа се незгодниот Исланд, како и селекцијата на Тунис која пред околу три и пол месеци ни го сруши олимпискиот сон.
Група А: 1.Франција 2.Полска 3.Русија 4.Бразил 5.Јапонија 6.Норвешка
Група Б: 1.Шпанија 2.Словенија 3.Македонија 4.Исланд 5.Тунис 6.Ангола
Група Ц: 1.Германија 2.Хрватска 3.Белорусија 4.Унгарија 5.Чиле 6.
Група Д: 1.Катар 2.Данска 3.Шведска 4.Египет 5.Бахреин 6.Аргентина
Пласман во втората фаза обезбедуваат четирите првопласирани селекции од секоја група, а трофејот го бранат домаќините кои го освоија Светското првенство во Катар 2015.
За Македонија ова ќе биде петто учество на Мундијалите, а најдобриот пласман го оствари во Катар каде заврши како 9-та ракометна земја во светот.
Мундијалот во Франција се игра од 11 до 29 јануари идната година.