Грчки фудбалери седнаа на трева и молчеа две минути

Фудбалски натпревар во Грција почна поинаку од вообичаеното откако сите играчи се организираа и оддадоа импривизиран почит на бегалците кои ги загубија животите во обид да стигнат до грчките острови.

Фудбалерите на АЕЛ Лариса и Акарнаикос, кои се дел од втората грчка лига одлучија да се обединат во знак на солидарност на стадионот во Лариса.
 
Нивниот гест беше предизвикан од неодамнешните трагични настани кои се случија во близина на грчкиот остров Самос каде се удавија 26 мигранти.
 
Кога судијата означи почеток на мечот сите 22-ца играчи заедно со тренерите и стручниот штаб седнаа на земја и молчеа, а публиката го прифати нивниот гест и им даде аплауз.
 
На стадионот беше прочитано и соопштение:
 
„Администрацијата на АЕЛ Лимасол, тренерите и играчите на стартот на мечот ќе оддадат 2 минутно молчење во знак на сеќавање на жртвите кои продолжуваат да ги губат своите животи секој ден во Егејското море порати поради незаинтересираноста на ЕУ и Турција. Играчите ќе протестираат седејќи 2 минути на терен во обид да им посочат на властите да ги мобилизираат сите заинтересирани околу громорозните злосторства кои се случуваат во егејот“.
 
30 јануари 2016 - 18:18