Приказна за Пит де Фисер, најдобар скаут на сите времиња

Фудбалскиот Колумбо кој ги откри Ромарио и Роналдо

За човекот без кој Роман Абрамович не пиел кафе се смета дека има шесто сетило кога во прашање се младите фудбалери. Го намирисал талентот на Ван Нистелрој, Роналдо, Робен, Нејмар и многу други.

Едно утро телефонот го разбудил Пит де Фисер. Го барал Карел Акеман, тренер на младата репрезентација на Холандија.
-Пит, дојди во мојата соба, итно е.
-Боже, Карел, во ова време? Што се случило?
-Не е за по телефон, Пит.
Пит одел чекор по чекор по стариот хотел во Тулон и за две минути до собата на Карел му се вртеле морничави мисли. Се исплашил дека ја загубил сопругата Жанет. Дошол и затропал.
-Да не е за Жанет? Да не ѝ се случило нешто?
На младинскиот турнир во Тулон, Франција, Пит де Фисер кон крајот на ’60-те години одел често со својата жена Жанет. Пит бил млад но искусен тренер. Првпат како самостоен тренер работел во Телстар и ѝ предложил на сопругата да одат на Азурниот Брег. Жанет имала болест во внатрешноста на увото, позната како Мениерова болест поради која не можеле да имаат деца. Таа 1989. година сопругата не дошла со него во Тулон.
 
-Не, Пит, не е во прашање Жанет. Се работи за Суринамците.

Додека работел во Вилјем во 1989. година, Пит де Фисер тренирал двајца Суринамци: Рубен Когелданс и Улрих ван Гобел. И двајцата добиле покана да одат на пријателски меч во Парамарибо, Суринам. Де Фисер тогаш му рекол на селекторот на Суринам, Ник Стинстра дека е подобро ван Гобел да игра во Тулон, а Когелданс да патува во Парамарибо.
 
22-годишниот Когелданс полетал со авионот со неколку таленти од холандската лига, меѓу кои не биле Гулит, Рајкард, Винтер и Роја затоа што клубовите не ги пуштале.
-Авионот се срушил во Парамарибо, продолжил Карел Акеман. Преживеале само четворица играчи. Когелданс загинал, Пит.
Кога слушнал, Пит повторно почувствувал болка кај срцето кое му го оперирале неколку години претходно. Тоа значело и крај на неговата тренерска кариера во која водел 11 клубови. Пит со Жанет не можел да има деца, но многу играчи го сметаат Де Фисер за втор татко. Знаел да го процени интелектот на секој играч, да види како се однесува со блиските, со другарите, да испита каков ученик или студент бил.

Во Белгија, Де Фисер имал проблеми со срцето кои ги наследил од својот татко. Неговата мајка по извесно време починала од рак на хранопроводот, а татко му не можел да се справи со оваа загуба, престанал да ги пие апчињата за срце и починал после девет години. Во втората половина на '90-те години, на Де Фисер му откриле проблеми со дебелото црево. Терапевтот на ПСВ, Артур Волф му открил полоша дијагноза, рак на хранопроводот како на неговата мајка. Волф му го препорачал истиот лекар кој во 1991. година му ја открил раната фаза на рак на Боби Робсон и го излекувал.

„Операцијата беше многу тешка. Три недели подоцна бев повеќе мртов отколку жив. Во грлото ми вметнаа цевка и можев да јадам само варена храна. Толку бев болен што барав да го отворат прозорецот за да скокнам", напиша Пит во својата книга „Фудбалот како лекарство".

Сите овие неволји го натерале Пит да се фокусира само на работата скаут.

Во 1991. година, Де Фисер ги забележал малиот Марк Овермарс од Гоу Ахед Иглс и им препорачал на луѓето од Вилјем да го купат. Овермарс вредел 600.000 гулдени, така што управата на клубот се двоумела дали да го купи 17-годишниот Марк, но Фисер удрил со рака по маса и претседателот на Вилјем решил да го купи.

По некоја година, Вилјем го продал Овермарс во Ајакс за 1,6 милиони гулдени.

На јуниорското СП во 1997. година во Египет, Де Фисер бил во улога на скаут на ПСВ и го снимил 16-годишниот гански плејмејкер Аодвин Атрам. Со своите убедувачки моќи, Де Фисер успеал да го убеди газдата на ПСВ Хари ван Рај, дека малиот е нов Платини и треба да го земат.

На 18 Атрам потпишал професионален договор со ПСВ, но наскоро го уапсиле во холандската полиција поради лажирање на возраста во документите. Пасошот на Годвин бил во ганската фудбалска федерација, а во него стоело дека бил роден шест години порано од она што го кажал во Ајндховен. Се вадел дека според ганските обичаи, детето има шест години кога со левата рака ќе може да си го фати увото. Во полиција го слушале со интерес, но набрзо го вратиле во Африка.

Во 1993. година, како скаут на ПСВ, Де Фисер отишол на турнир во францускиот град Сен-Бри каде го здогледал 16-годишниот Роналдо. Дознал дека бразилското дете поради инфекција ослабнало 4 килограми, но бил сигурен во неговите квалитети. По заминувањето на Ромарио во Барселона, ПСВ го претстави малиот Роналдо кој на 66 меча даде 70 голови и потоа се пресели во Барселона.

Де Фисер често се информирал и патувал во Бразил каде ги запознавал месните таленти. Кога во 2003. година Гус Хидинк му побарал список од тројца голмани, Пит му напишал: 1) Еурелио Гомес, 2) Еурелио Гомес, 3) Еурелио Гомес.

- Зошто само тој? Никој не го гледал, имал скршена нога, не играл и цената е 1,2 милиони евра, му одговорил Гус на Пит.

Во следните 4 години Гомес освои 4 шампионски титули во Холандија и замина во Тотенхем, а Де Фисер по традиција праќал опрема и топки во сиромашното школо од каде потекнува Гомес.

Партнерот на Гомес во младинската селекција на Бразил, дефанзивецот Алекс, Де Фисер го забележал во шампионската година на Сантос и го гледал на Олимпијадата во Атина. Во тоа време Пит станува личен консултант на Роман Абрамович, но Алекс во Европа најпрвин играше за ПСВ, а потоа во Челси.

Во 2004. година, Де Фисер ги советувал луѓето од ПСВ да го купат Карлос Тевез. Пит и Хидинк отишле на Олимпијадата во Атина, на тренерот Хидинк му се допаднал Аргентинецот и решил да го купи. Сепак, Тевез вечерта се одлучил вечерта да ја помине со две девојки, наместо на состанок со Хидинк.

Во летото 2003-та година, Роман Абрамович го викнал Пит во Челси, но и покрај тоа Холанѓанецот и натаму работел во ПСВ до 2008. година, кога се скарал со новиот тренер на екипата Јан Рекер. Рекер активно се мешал во работата на скаутите, а се скарал и со Владо Лемиќ (агентот кој кон крајот на '90-те го советувал Фисер да го купи Матеа Кежман од Партизан).

Во времето на ЕП 2004-та година, Пит и сопственикот на Челси со јахтата пловеле низ Португалија и ги гледале средбите од Европското. По наговор на Пит Де Фисер, Абрамович во Челси донесе шест Бразилци (Оскар, Рамирес, Давид Луиз, Лукас Пиазон, Кенеди, Вилијан) ги донесе Чех, Куртоа, Робен, Микел, Калу, Лукаку, Де Брујн и многу млади играчи како Натан Аке.

Де Фисер обично ги оценувал играчите според 5 критериуми: 1) техника (како играчот ја прима топката, како ја води и како игра со глава), 2) тактика (како ги чита ситуациите, како држи позиција), 3) физика (брзина, сила, моќ, подвижност, агресија).

На пример, многу му се допаднал играчот од вториот тим на Ден Бош, Руд Ван Нистелрој. Де Фисер инсистирал да го купат играчот, на што од клубот му рекле „Го имаме Ромарио, а ако си замине скоро го имаме Лук Нилис". ПСВ го купил Руд после четири години од Херенвен за пет пати повисока цена.

Дик Адвокат се сомневал и во Јап Стап. Тогаш лукавиот скаут го прогласил Стам за играч за иднината и ги убедил Франк Арнесен (тогашен спортски директор на ПСВ) и Дик Адвокат да го купат. Останатото од Стам е историја.

Сепак дека секој греши, судбината докажала и преку примерот со трансферите. Пит Де Фисер го препорачал напаѓачот на Атлетико Минеиро, Жонатан Рајс кој на 17 години дошол во ПСВ, но сакал да биде крал пред првиот постигнат гол. Се пропил и правел чести проблеми, па го вратиле дома.

Ужасна проценка Де Фисер имал и со голманот Бруно. На 25 години Бруно беше прв голман и капитен на Фламенго, но откако забременил една љубовница која се заканувала дека ќе го каже кај сопругата ако не ѝ даде пари, ангажирал убијци со кој брутално на парчиња ја искасапил. За таквиот ужас Бруно во Бразил доби 22 години затвор.

Од пред две години, Пит де Фисер живее без Жанет која ја загубила третата битка со ракот. Пит денес има 81 година. На 17-ти јануари тој седел на стадионот во Сао Пауло каде го гледал натпреварот на младинските категории, со цел да најде некој играч за Челси.

На трибините избиле немири, полицијата употребила солзавец и гасни гранати: „Мислев дека моето срце престана да работи, бидејќи не можев да дишам", изјави Пит во интервју за холандскиот Де Телеград.

Една недела подоцна, новинариот на истиот лист го забележал Де Фисер во Ротердам каде го гледал младиот стопер на Спарта, Рик ван Дронгелен. „Морав да испратам извештај за него во Челси", изјави Пит за играчот кој се родил во декември 1998. година, во истата болница каде Де Фисер имал операција на дебелото црево пред неколку години.