Импресивни бројки на Наполи кој брка Скудето по 26 години

Во ерата на доделување 3 бода за победа, Наполитанците никогаш во овој момент од сезоната немале 50 освоени бодови. Игуаин и Инсиње заедно имаат повеќе постигнати голови од 15 екипи во Серија А.

Овие 50 бодови остварени од избраниците на Маурицио Сари во првите 22 бода претставуваат рекорд на клубот. Наполи има 8 бода повеќе од лани ова време и 6 повеќе од преклани. Во последната година Мацари освои 46 бода на 22 меча.

Со триумфот над Емполи од 5:1 Наполитанците стигнаа до 6-та победа во низа, што не се случило од сезоната 1987/1988 со Марадона и шести пат сезонава постигнуваат по 5 гола. По ремито со Рома без голови на 13 декември, оваа екипа постигнува импресивни 3,66 гола во просек по натпревар.

На 31 одигран меч во Серија А, Куп на Италија и Лига Европа, Наполи има постигнато минимум 2 гола на 23 меча (74,2%), а вкупниот просек до сега оваа сезона им е 2,4 голови по натпревар.

Најопасното дуо во напад оваа сезона во Серија А е Игуаин – Инсиње кои заедно имаат 32 гола или повеќе од 15 екипи од Серија А. Поефикасни од нив се само Јувентус, Фиорентина, Рома и Сампдорија.

Игуарин како лидер на табелата на стрелци има 22 гола на 22 меча, а Емполи е еден од ретките тимови кои сезонава не прими гол од него.

На последните 6 победнички меча на Наполи, Аргентинецот стигна до 8 погодоци и има 10 гола повеќе од второпласираните Едер и Дибала.

1 февруари 2016 - 20:30