Кога сакаш да научиш да бордаш и скијаш

Најголема мотивација за оние кои допрво се канат да застанат на скии или на сноуборд, а не умеат е 1-годишно бебе од САД кое борда како да има години и години искуство во овој спорт.

14-месечната Слоан Хендерсон, само неколку недели откако ги направила првите чекори, набрзо научила и да борда. Нејзините родители, Кејти Хендерсон (29) и Захариј Хендерсон (30) од Норт Солт Лејк во Јута се прави адреналински зависници.
 
На неодамнешниот патување во Парк Сити Маунтајн Ресорт, одлучиле да видат како нивното бебе ќе се снајде на снег и мраз. Кога виделе со каква леснотија малото борда, ни самите не можеле да поверуваат.
„Искрено горди сме на неа. Импресионирани сме што таа може да вози по снег. Љубоморна сум ѝ затоа што јас не учам спортови така брзо“, изјавила мајката Кејти за АБЦ Њус.
Кејти додава уште и дека одличниот баланс кое го поседува бебето е наследено од Захариј. Видеото кое покажува дека сè во животот се учи има околу 685.000 прегледи.
 
 

3 февруари 2016 - 11:30