Кога Абрамович немаше абер да се укотви на Стемфорд Бриџ во Европа излегуваа Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест. Овие последните кои сега играат во втора лига често беа немилосрдни против Сините од Лондон. Во сезоната 1986/87 на гости ги совладаа 6:2, а во 1978/1979 и далечната 1907/1908 имаат победи од по 6:0. Најголемиот шамар го изедоа пред 26 години.
Челси во сезоната 1990/1991 завршија на 11 место со 13 победи, 10 нерешени и 15 победи, а Нотингем Форест беше осми. Ги испратија дома со 7 гола. Еве ги во едноминутно видео.