Историски и митски вештерки

Историјата посочува многу „вештерки“ кои на некој начин му влијаеле на светот, и без разлика дали навистина се бавеле со лечење, тревки и чаеви, биле несреќни жени што на некого му пречеле, или се едноставно мит, има некои имиња што треба да се знаат.

Тиктокерката што лажираше Турет за слава

Ова беше и тренд - новиот свет, фала богу ги прифаќа сите појави што пред 10-20 години се сметаа за недостатоци, па многумина тргнаа кон социјалните мрежи да ги споделат своите, за да видат и другите „дека не се сами“. Е па, некои измислуваа.

Како пропадна Базфид?

Во август 2015, Базфид ја сврте играта: имаше масивни 377 милиони прегледи месечно, сите читаа, сите споделуваа. Годинава - тешкичко.

Нè прелажаа ли со митот за серотонинот?

Ново истражување покажа дека ниските нивоа на серотонин може да не се причина за депресија - но и дека медицинските експерти цело време знаеле за ова.

Терапевт анализира парови од Дизни

Кои љубовни врски во Дизни ќе издржат, а кои баш и нема да живеат „среќно, засекогаш“?

Трендот е „Барбикор“ ентериер

Наводно, официјално сме влегувале во ера на Barbiecore - тренд за уредување инспириран од сите прекрасни розевштини на Барби.

Жената што си ги претвораше жртвите во сапун

Според нејзиното сведоштво, поточно - необјавените мемоари - за третата жртва вели дека завршила во тенџере (најверојатно во натриум што врие) „исто како и претходните“. Потоа, пишува дека додека се распаѓало месото, истурила шише колонска вода во тенџерето. Па, проврило уште малку. Резултатот? Кремаст сапун со прифатлив квалитет.

Кај Брајс Далас Хауард дома

Актерката со еден куп Џурасик паркови во сиви, најстарата ќерка на Рон Хауард и лик што веројатно барем еднаш сте го помешале со Џесика Честејн, ги прима Architectural Digest дома.

Илустраторот што Дизни не требаше да го отпушти

Кеј Нилсен одлично се снаоѓал во светот на фантазијата: дански илустратор, пораснат во „напната уметничка атмосфера“ во златната ера на илустрацијата. Во тоа време, луѓето се натпреварувале кој ќе извади повозбудлива корица и поблескав грб на книга. Нилсен бил меѓу најјаките, и тоа не само по илустрациите што ги правел на своја рака - бил ангажиран од Дизни, за концептуалната уметност од која потоа се создава „Фантазија“, па „Малата сирена“. Инспириран бил и од браќата Грим и од „1001 ноќ“, но иако долго време бил миленик на студиото - одеднаш го отпуштаат. А не требало.

Колку многу ја потценуваме принцезата Ен

Не, не дека светот има некакво лошо мислење за принцезата. Едноставно, потценување е кога за некои луѓе секојдневно не повторуваш дека се цареви.

И сопствениците на правата на Мерилин ја одобруваат Ана де Армас

Марк Розен, претседателот на компанијата што го поседува имотот на Мерилин Монро изрази поддршка за кастингот и покрај критиките за акцентот на актерката.

Несекојдневна инспирација за Барбики

Ова не се обични „Барби - принцеза“, „Барби - кралица“ и „Барби - глумица.“

Што има креаторите на „Пријатели“ да пишуваат за луѓе од други раси?

Ова го кажа Лиса Кудроу, и тоа не злонамерно, туку тотално трезвено - бели се, како да пишуваат за искуствата на тие што не се?

Кога Меган Маркл му се налути на новинарот што не ја пофали

Меган Маркл става крај на пријателството со еден новинар што ѝ го пишувал профилот за Венити Фер, лута дека една фина анегдота што ја претставува во фасцинантно светло не била додадена.

Правете поголеми авиони

Една 25-годишна девојка на Тикток споделува „нешта што крупни патувачи ги мразат“ и според Базфид, ова било навистина „освестувачко“.

Ен Хеш изгледа ќе напушта

Претставник на Ен Хеш за Пипл изјави дека има повреда на мозокот од сообраќајката што се случи пред една недела и „за жал, поради несреќата, останува во кома, во критична состојба“.

„Грдо-шик“: Приказната за Прада

Мијуча Прада е еден од највлијателните и најенигматични дизајнери на нашево време. Речиси четири децении нè части со нејзината умешност за креирање трендови, а со нејзиниот ЦЕО партнер Патрицио Бертели го има трансфомирано малиот семеен бизнис во една од најпознатите модни куќи во светот, вредна повеќе милијарди долари.

Вистината за италијанските куќи од 1 евро

Не само што имате слушнато за нив, туку имате фантазирано и дека ќе си купите. 

Кај живеат овие луѓе?

Немаше смисла во наслов да ставиме „Невести кои нема да ви се верува дека постојат“, ама ова се стварно невести што нема да ви се верува дека постојат. Како им текнуваат вакви работи?

Кај Сиена Милер дома

Architectural Digest влегува во идиличниот дом на актерката Сиена Милер во рурална Англија. Живее во колиба стара неколку векови.

Почина Исеи Мијаки

Јапонскиот дизајнер Исеи Мијаки, познат по облеката што не се гужва и човекот зад ролката на Стив Џобс, почина на 84-годишна возраст.

Кајли Џенер спектакуларно се избрука со „работната“ објава

Џенер се пофали дека работи во нејзината козметичка лабораторија, но ја принудија да каже што всушност прави, само поради неколку детали што параат очи на фотографиите.

Ако може ФБИ да ја побара Бритни, фала

Фановите на Бритни Спирс панично алармираат до ФБИ да помогнат да се најде Бритни Спирс, загрижени дека објавува серија „црвени знамиња“ на Инстаграм.