Клаудија Шифер се врати за Версаче

На ревијата пролет/лето 2024, Версаче се врати на ‘90-те.

Последната колекција има детали во чест на колекциите од ‘90-те, во време кога супермоделите беа најпопуларни.  И бидејќи Донатела Версаче има решено дека ќе го има најдоброто и најбараното на писта - нормално дека ја викна Клаудија Шифер. Во истото шоу ги имаше Кендал Џенер, Џиџи Хадид, Виторија Черети и Наталија Брајант, ќерката на Коби која прв пат се појавува на ваков настан.

На Шифер ѝ припадна честа да го затвори шоуто и кралица на 1990-те каква што е - се прошета во тесен светло-зелен фустан во шах-дизајн - мотив што Версаче го имаше за колекцијата пролет/лето 1982.

Беше муза на најголемите брендови, ја имаше на некои 700 насловни страници и ги шеташе најпрестижните модни писти во светот. После долга пауза, се појави на пролет/лето 2018, заедно со Карла Бруни, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Хелена Кристенсен, па дури сега повторно, и изгледа дека само Донатела може да ја извлече „надвор“.

25 септември 2023 - 00:00