Дреа Де Матео од „Сопранови“ се одлучи за ОнлиФанс

„Ми е гајле дали некој ме критикува. Попрво би си го спасила семејството, отколку репутацијата.“

Знае дека луѓето имаат проблем со нејзината одлука - заради возраста, или заради тоа што е мајка - но нема да дозволи тоа да ја одврати.

„Знам дека некои луѓе имаат кажано гадни работи за тоа што сум отворила ОнлиФанс. Но, кај нас дома важи дека мама е борец и не прифаќа пораз,“ вели таа.

Се приклучува на ОнлиФанс затоа што сака да поминува повеќе време со децата.

„Работите се променија во последниве три години. Децата отсекогаш ми биле главен фокус. Да знаев дека ќе можам да работам од плакар цел живот, немаше да верувам. Знам дека звучи лудо и некако мрзливо, но јас поддржувам мајки што седат дома со децата и жени што уживаат да растат деца.“

Одлуката е делумно и од потреба, затоа што шансите за работа ѝ пресушиле последниве години. Смета дека ја отфрлиле затоа што имала став против вакцините за КОВИД и вели дека нема заработено ни одблиску многу колку што луѓето мислеле дека заработува од актерската кариера, но сега не ѝ е гајле дали ја критикуваат, и подраго ѝ е да си го спаси семејството, наместо да ја спасува репутацијата.

Има две деца - 15-годишна ќерка и 12-годишен син со бившиот Шутер Џенингс.

19 септември 2023 - 00:00