Овој „пазар на невести“ не се случува некаде таму на другата страна на светот, во земји, или племиња што се назад со материјалот околу човекови права и родова еднаквост - напротив - во сред Европа. Не е ни тоа некоја ноу-нејм локација, членка на ЕУ е.
Се собираат на нешто што личи на паркинг, накитени со злато и мажи и жени, пардон, и мажи и девојчиња и како на класичен пазар, или панаѓур, продаваат невести. Купувачите ја разгледуваат робата, се пазарат, постојат предности и недостатоци што ја качуваат или ја симнуваат цената, како на автоплац.
На пример, ако е побела и има плави очи, повеќе се плаќа. Ако е девица - ехеее. Една доаѓа веќе четири години и никој не ја бира, ама упорна е.
Две имаат 15 и 16 години.
Со букви: петнаесет и шеснаесет години.
Ако сме реални околу нијансите, не се работи за Taken-ситуација, и од видео не изгледа дека се трауматизирани, напротив, да ги видиш од далеку (бидејќи пазарот каде што семејствата ги продаваат своите ќерки за мажење се случува на отворено, пред очите на целата европска јавност) играат оро, јадат, пијат, а девојките се спремаат од дома со шминкање, дотерување и слично.
Ама тоа е најверојатно затоа што од мали ги спремаат дека е во ред да те однесат твоите на паркинг, да се прошеташ и некој да те собере ако даде фина сума. Не е битно каков е, кој е, кај ќе те однесе и каков ќе ти биде животот.
Си платил човекот, што сака ќе прави.
Уште еднаш - не е „некаде таму далеку“. Во сред Европа е.