Што ќе носиме кога ќе залади?

Едното е „тивок луксуз“, ама тоа веќе почнавме да го гледаме.

На Инстаграм има дури и некои кутри луѓе што упорно користат хаштаг „тивок луксуз“ или „стари пари“ и никако да убодат и да им текне дека разголени, цветни фустани од полиестер се „турбо-фолк луксуз“ и „пари вчера заработени од функција“. Барем се трудат, и додека најверојатно ќе ги гледаме по нашиве гратчиња, фино би било да се запознаеме што ќе има на интернет кај луѓето што знаат како да се облечат.

Освен тивкиот луксуз, кој може да се постигне со небрендирани парчиња (ама не секогаш), есенва нѐ чекаат и деликатни плетки на материјали, доволно нежни за лесно комбинирање со украси како брошеви на пример.

Или, сте слушнале за каш-пусиер? Прекрасната вест од светот на модата и трендовите што допрва следат е што најверојатно лесно ќе можеме во продавница да најдеме онакви до глуждови долги, големи каубојски капути. Прави се, или малку во „А“ и потсетуваат на војнички.

Струк инспириран од ‘50-те, големи и карирани парчиња (карираното никако да напушти), плико-ташни - а подолу и детали и како можат да се носат.

Ќе биде убава есен и уште поубава зима.

29 септември 2023 - 12:38