Кој е ова?

И што е поважно, за колку време ќе ја видиме фризурава масовно раширена по планетата?

Не знаеме дали е шишана, или е реалистична перика, ама ова е Ким Кардашијан, за десетгодишнината на КР Фешн Бук на Карин Ротфелд. За прославување на годишнината, КР собираат 11 „музи“ за на насловна и прва беше Кардашијан со стајлинг што многу е можно да почнеме да го гледаме насекаде до крајот на годинава.

Само да не ги вратат и веѓите. А не дека стојат лошо - чудо е како со таа фризура и тие веѓи, во посебна режија на фотографката Надја Ли Коен станува некој друг, навидум подлабок човек.

На Карин Ротфилд не ѝ е прв пат да се инспирира од Кардашијан - претходно ја има ставено во серијал „жени пионери“, а во разговор за ова изданија, дискутираат за концептот на икона.

„Икона за мене е човек што се бори за тоа што го сака, ги следи соништата и ги остварува. Некој што е непоколебливо свој, а сепак има љубезност и топлина со која можам да се поврзам,“ вели Кардашијан.

Карин Ротфилд за 23-то тематско издание „Музи“ вели:

„Со најголема почит за ликовите што ми ја водеа перцепцијата за она што значи муза, 23-то издание на CR Fashion Book спојува гарда од инспиративни музи низ генерации и полиња.

Научив, преку моќната синергија на овие соработки, дека се раѓа суштината на иконичната мода - хармонична симфонија на талент, страст и визија што ја возбудува имагинацијата.“

 

27 септември 2023 - 11:13